Тепачка меѓу фудбалерите на Перу и шпанска полиција

Селекциите на Перу и Мароко имаат закажано пријателска за вечерва во Мадрид. Пред хотелот каде што се сместени имаше фанови и во еден момент полицаец кој е тука за да ги штити репрезентативците почна да бутка еден од нив по што се создаде голема мешаница. Па уште и го привеле капитенот и уште неколку играчи.

Капитенот на Перу, Педро Галезе кој завршил во станица вели дека сакале само да ги поздрават фановите, на што полицијата негодувала.

28 март 2023 - 08:31