Го видовте ли фудбалерот со најдолга коса на свет?

Кога ќе падне муабет за фудбалери со долги коси и со репчиња, прво ви паѓаат на памет Роберто Баџо, Габриел Батистута, Валдерама и други. Ретко кој чул за еден фудбалер од репрезентацијата на Ангила.

Се вика Едан Сципион (како воениот начелник од Антички Рим Сципион Емилијанус). 

Игра во шпицот од нападот на репрезентацијата на Ангила. Оваа земја е една од малите држави од Карибскиот басен. Во моментов оваа селекција е на 210-то место на рејтингот на ФИФА и досега забележала 8 победи од своето основање.

Пред некоја вечер играа во Лига Нации турнирот организиран од КОНКАКАФ федерацијата за Централна Америка.

Ангила загубила 1:2 од Санта Лусиа.

Јунакот на оваа статија не постигнал гол, но со својот надворешен изглед ги заинтригирал медиумите ширум светот да изрударат нешто за него.

 

28 март 2023 - 09:19