Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Па пушти го малиот за роденден да даде гол, што си дибек

МТК Будимпешта во понеделникот во 27. коло од унгарската лига го совлада Диошѓер со 4:2. Голманот на гостите, Сенко Жомбор прими четири гола на мечот ама може да се пофали дека на полувреме одбранил два шута. И му расипа роденденски подарок на едно мало дете.

Најдобриот дриблер во НБА свири на баскетот како на клавир

Триесет годишниот Кајри Ирвинг, кој е роден во Мелбурн, Австралија, важи за најдобриот дриблер и техничар во современата НБА лига. Ирвинг има еден шампионски прстен, оној од 2016-та со Кливленд Кавалирс кога во големото финале со Леброн го урнаа Голден Стејт Вориорс. Ирвинг играше уште и за Бостон и Бруклин а сега е во Далас Маверикс. Еднаш покажа зошто е бр. 1 дриблер.

Роналдо на загревање погодил гледач, снимката хит во Арабија

На минатиот меч кој Ал Наср го загуби 1-0 против најголемиот ривал Ал Итихад кој го презеде водството на табела со 47 бода, Кристијано Роналдо пред стартот на дуелот при загревање погодил некој навивач со топка, а на видеото се гледа како летаат и папучи.

За малку избегната масовна тепачка во НБА

Милвоки Бакс, најдобриот тим на Истокот, успеа да ја совлада второпласираната екипа од Западот. Милвоки беше подобар од Сакраменто Кингс 132:124. Овој меч на кој блескаше Јанис Адеткумбо со нова неверојатна партија, падна во сенка на инцидентот пред самиот крај кога Треј Лајлс од Сакраменто го оттурна Џру Холидеј, а во одбрана на соиграчот настапи Брук Лопез.

Малерозниот Калулу ја спречи победата на Милан на сама гол линија

По поразите на Интер и Рома и ремито на Лацио и Милан не успеа да победи во битката за ЛШ и одигра само 1:1 против Салернитана. Во 88 минута имаше мешаница во која сите ја видоа топката во гол, но на забавената снимка се гледа како Калулу легнат на сама гол линија, му удира топката во рака и со тоа спречува погодок за 2:1, кој ќе беше автогол на гостите.

Навивачите на Ривер грмат на реновирана трибина

Во седмото коло од новата сезона во Аргентина, Ривер Плејт со 3-0 го растури Годој Круз. Два гола домаќините дадоа од пенал, еден од нив реализираше Лукас Белтран а навивачите уживаа зад еден од головите на стадионот кој неодамна беше комплетно реновиран и сега има зголемен капацитет.

Каква вечер за Клеј Томпсон: 33 поени за 18 минути

Голден Стејт Вориорс со 123:112 го совлада Феникс, а јунак на мечот беше еден од двајцата лидери во тимот, повеќекратниот шампион Клеј Томпсон кој уфрли 38 поени од кои дури 33 во само 18 минути. Томпсон шутираше 12/18 од игра а 8/12 за три поени.

Мартин Шкртел се забавува во осма лига со слободни удари

Легендарниот стопер на Ливерпул ја заврши кариерата лани во Спартак Трнава на 37 години. Имал ветување дека ќе се врати во клубот од детството, Хајскала Разточно кој игра во локална словачка лига. Ветено - сторено.

Спомените за Коби Брајант се живи во Лос Анџелес

Постојат 630 мурали за легендата, 455 во САД и уште 177 во 45 други земји. За неговата загуба се уште се жали.

Тоалетите на Олд Трафорд и не се нешто за фалење

Во последното интервју како член на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо во критикувањето зборуваше и за тренинг базата на клубот каде ништо не мрднало со прст. За клуб со такво име и реноме, некако не оди вакви работи да си дозволуваат.

Каква лудница од еврогол падна во Холандија

Само што почна дуелот меѓу АЗ Алкмар и Гронинген од 25. коло на холандското првенство, во четврта минута Швеѓанецот Јеспер Карлсон го даде единствениот, победнички гол на мечот. И тоа какво голиште! АЗ Алкмар со овој триумф остана трет на табела со 53 бода, зад лидерот Феенорд кој има 58 и Ајакс кој е втор со 55.

Штикла на сезоната во Португалија

Спортинг Лисабон со 3-0 ја совлада Боависта во 24. коло од португалската Примеира и направија супер увертира пред реваншот со Арсенал во Лига Европа во четврток. Голот на Нуњо Сантош на овој натпревар и официјално се смета за најубав на Спортинг сезонава, а ќе конкурира и за број 1 во лигата.

Голман ако упрска, нема назад

Колку пати и да кажеме „вакво нешто не сме виделе“, следниот пат ќе испадне уште полуда епизода. Особено оние од азискиот фудбал. На мечот од најдобрата лига на Јужна Кореја меѓу Сеул и Улсан, голманот на домашните при резултат 1-1 во 88’ минута сака да изигрува Џек. И го изиграа.

Гача диригира, во соблекувалната на Вардар грми „Ој Вардаре македонски“

Вардарци викендов славеа 4:1 против Караорман и избија на челната позиција во втората македонска лига. И покрај финансиските проблеми, клубот грчевито се бори за кам бек во прволигашкото друштво и ја билда атмосферата.

Фергусон се сретна со 100-годишниот навивач на Манчестер Јунајтед

Ова е нешто поради што Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде класа. На „Олд Трафорд“ секогаш се оддавала огромна почит и чест кон постарите, особено најстарите, каков што е случајот со Артур Лили, 100-годишен вљубеник во трофејниот клуб од индустрискиот град. Прекрасна средба со двајца господа.

Станковиќ се смееше кога му го пуштија спорниот гол на Јуве

Јувентус ја доби Сампдорија со 4:2. Во 64-та минута после оние 2:2 во првиот дел, Рабио постигна гол за ново водство од 3:2. Гостите со прави бараа голот да биде поништен, а апла играњето со рака му го пуштија и на српскиот стратег после мечот.

Драма и пол пред голот на Барса во 93-та минута

Со голот на Рафиња, фудбалерите на Барселона го добија тешкото гостување во Баскија против Атлетик Билбао и останаа на +9 пред Реал. На крајот беше многу опасно. Примија гол во 87-ма, но беше поништен со ВАР поради играње со рака. Потоа Тер Штеген и Алонсо спасија чудо, особено бекот на Барса кој ја жртвуваше главата за да одбрани волеј удар.

Супер голот на Кузмановски меѓу Топ5 најдобри

Македонската ракометна репрезентација одново одигра пристоен меч против силниот ривал и загуби 32:27. Македонските ракометари кои дојдоа во целосно подмладен состав беа во егал во поголемиот дел од мечот а имаше моменти и кога водството беше на наша страна. Филип Кузмановски одново постигна прекрасен гол, во негов стил.

Колку се сериозни обвинувањата за Барселона и дали може да биде исфрлена од лига?

Темните облаци кои се надвисија над „Камп Ноу“ пред неколку години, никако да заминат. Со доаѓањето на Чави на клупата клубот доживеа блесок и е на одличен пат да ја освои титулата во Ла Лига, но повторно се појавија темни облаци во тешки обвинувања дека поранешната управа и претседател на клубот подмитувале судија.

Кога лоша асистенција ќе се претвори во атрактивен гол

Боливија и сè е можно. Се обиде да ја подаде убаво и да ја измами одбраната, а на крај појма нема и самиот што изведе. Се чудеше и како да не му беше јасно.

Англичаните тврдат дека ова е гол на сезоната

Само што се доделија ФИФА наградите за најдобрите во изминатата сезона, а меѓу нив беше и признанието „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на минатата година, сега падна погодок кој сигурно ќе конкурира за следниот избор. Во англиската трета лига, Питерборо изгуби дома 0-3 од Челтенам. За гостите два гола дал Алфи Меј од кои едниот е сигурно гол на сезоната на островот.

Судија, а тебе кој да ти покаже жолт картон?

Во еден момент од мечот Болоња - Лацио кој заврши без голови, во клинч влегоа Фелипе Андерсон и пит-булот Гари Медел. Судијата Мареска се залета да ги раздели но испадна ко да е на лизгалиште.

Убав гест на Елмас за навивач кој го начека на семафори

Наполи се врати на +18 пред Интер после синоќешниот триумф над Аталанта од 2:0. Елмас влезе во второ и го намести вториот гол од корнер. После мечот навивач го познаа во густиот сообраќај во кола, а Елиф како подарок му ја даде тренерката.

Само во Неапол го има ова

Чиро Ферара и Масимо Амброзини и гостуваат на прекрасната Дилета Леота на мечот Наполи - Аталанта. Легендарниот економ Томазо Стараче им влетува во живо со неговото фамозно наполитанско кафе. Каков цар, на лице место им го сипа топло, а на крај и камерманот му даде.