Веќе е договорено кој и како ќе го плаќа Меси во САД

Откако во отворено интервју за Мундо Депортиво на широко ги објасни причините поради кои се решил со семејството да се пресели во САД, а не да се враќа во Барселона или да оди во Саудиска Арабија, сега се откриваат и детали од договорот на Лео Меси во САД.

КАКО ДОШЛО ДО ВАРИЈАНТА ЗА САД И КАКО ЌЕ ГО ПЛАЌААТ КОГА ИМА ОГРАНИЧУВАЊЕ?

Главно прашање кое се поставува во моментов е како американската МЛС лига која, уредена по класичните американски принципи со ограничување на плати (MLS salary cap) во кој во една сезона еден играч може да заработи максимум 612.500 долари, ќе го исплаќа Меси?

Просто е: лигата и целокупната американска фудбалска индустрија ќе го плаќа, затоа што ова им е многу, многу потребно за популарноста на МЛС.

Парите за Аргентинецот во Америка нема да се ограничат само на плата од Интер Мајами неговиот нов клуб, туку ќе заработува уште од два важни партнери/спонзори на лигата: Apple и adidas.

Извори од The Athletic запознаени со текот на преговорите, потврдиле дека тоа е една од најважните ставки на договорот.

Apple ќе му плаќа на Меси проценти од приходите од нови потписници на сервисот. Од оваа сезона сервисот Apple TV станал ексклузивен спонзор на МЛС лигата, потпишале 10-годишен договор вреден 2,5 милијарди долари. Сега МЛС ќе може да се гледа само со MLS Season Pass.

Очигледно е дека не може да се претскаже конкретниот прираст и обем. Невозможно е. Но јасно е и дека самата појава на Меси во МЛС ќе испровоцира бум. Apple TV веќе спрема документарна серија од неколку делови за Меси. Овој серијал ќе има четири епизоди снимени во Париз, Катар и Аргентина и ќе раскажува за победата на репрезентацијата на Аргентина на Светско првенство 2022.

Адидас ќе дели дел од своите приходи во МЛС лигата. Овој германски гигант има исто нов договор со лигата (на шест години вреден 830 милиони долари). Адидас ќе ги облекува сите 29 екипи кои се во МЛС лига уште од 2006-та година, ќе ги најавува официјалните натпревари во лигата, а процент од продадените дресови на Интер Мајами со презимето Меси ќе добива и Аргентинецот.

Што се ќе биде опфатено во договорот на Лео со Адидас уште не е детално разјаснето но секако дека ќе биде голем договор. Логично е затоа што Меси има доживотен договор за спонзорство со Адидас кому му е верен одамна со години веќе.

Притоа Лео Меси по крајот на фудбалската кариера (во моментов има 36 години) ќе стекне право да купи акции во клубот Интер Мајами. Така беше привлечен во САД и Дејвид Бекам којшто сега е претседател на клубот каде доаѓа Меси.

Според Ројтерс, Лионел сакал да оди во клуб каде во иднина ќе може да делумно да владее. Ова прашање било потегнато и на преговорите а Њујорк Тајмс потврдува дека сопствениците на Мајами веднаш му овозможиле на Лео да стане акционер и дека тоа ќе биде дел од договорот.

Дополнителна мотивација за обете страни е што Светското првенство 2026 се игра во САД. Меси потајно сакал да настапи и да проба да ја одбрани титулата. На тој начин сака да остави наследство не само во Европа и Јужна Америка туку и во САД.

Инсајдери од TyC дополнуваат уште и дека договорот на Меси со Интер Мајами ќе биде тригодишен но со можност бесплатно да замине без обештетување по крајот на секоја сезона. Многу добри услови добил Лео какви што немал речиси никаде во кариерата. Договорот наводно стартува од 1-ви јули така што Лео ќе има нешто помалку од месец за одмор.

Оние кои беа поборници Меси да оди во Саудиска Арабија велат дека Меси од евентуален договор во оваа земја би заработил за две години повеќе отколку од маркетиншките проценти во САД. Но, други велат, не е сè во парата. Наводно неговата сопруга Антонела и семејството инсистирале да се преселат во САД.

Меси: Никогаш не сакавме да заминеме од Барселона, беше многу тешко, но сега ми треба малку душевен мир

8 јуни 2023 - 13:00