
Антонио Касано не му ги простил убедливите зборови на Мурињо кој прописно „му истури кофа над глава“, па сега кај Бобо Виери во емисија на Јутјуб изнакажа многу работи за Мурињо.
За инцидентите кои навивачите на Рома ги направија кога го нападнале англискиот судија Антони Тејлор додека бил на аеродром со семејството, Касано го обвини Жозе. Португалскиот тренер отворено го обвини судијата Тејлор дека ја оштетил Рома со многу грешки во финалето на Лига Европа кое Севиља го доби на пенали.
„За сè е криво само едно лице! Само едно лице! Зошто целото срање од каде проистекна? Со автобусот, од тренерот на Рома, со име и презиме Жозе Мурињо лично. Се почна од него, од срањето кое го направи во подтрибинскиот простор. Треба да се срами! Освоил се, има многу пари, претставуваш еден народ, го претставуваш фудбалот и ти што правиш? Зборуваш одвратни работи. И тоа само против едно лице.
Му кажував на Леле (Адани) пред некој ден. Разликата е во тоа што најголемиот на сите времиња завршува втор и го бакнува медалот во Лига на шампиони, а овој (Мурињо) не прифаќа порази.
Драг Мурињо, треба да се срамиш за ова што го направи. Зошто ти си претставник човек на твојот клуб и навивачи кои мотивирани од твоето однесување кон еден судија, направија што направија. Ќерката на Тејлор која плаче, сопруга тероризирана, бабата... За што зборуваме? Мора да си одат од фудбалот овие луѓе.
Кој греши дефинитивно мора да биде избркан од фудбалот.
Се надевам дека, откако рече дека ќе оди на одмор, веќе нема да се враќа во Италија да биде тренер. Не ни треба во Италија. Во овие две години од него видовме само тепачки, гужви, катастрофи, црвени картони, се. Ја уништи сликата за Рома во овие две години. Нека си оди за Португалија!