Offside

Голден Стејт Вориорс приредија спектакуларен и историски пресврт, совладувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 112–95 во рамките на НБА Купот во „Чејс Центар“.

Интер му нанесе историски дебакл на Милан, Пиоли рекордер

Интер по петти пат по ред му го зема скалпот на градскиот ривал, а вечерва го забележа еден од најголемите триумфи против Милан во историјата: 5-1. Резултатот го отвори Михтарјан, Тирам зголеми на 2-0, Леао намали а до крајот со росонерите си поиграа уште и Михтарјан по втор пат, Чаланоглу и Фратези.

Шевченко и Џиџи Буфон од пенал како некогаш

Двете енормни легенди поради кои генереции и генерации го засакаа фудбалот, сега се сретнаа на мечот од хуманитарен карактер организиран во Словенија од првиот човек на УЕФА Александар Чеферин, со цел помош на луѓето загрозени од неодамнешните поплави. Џиџи и Шева одново беа очи во очи од пенал точката како пред две децении во финалето на Лига на шампиони меѓу Јувентус и Милан.

Стеф Кари ли е или не?

Тие што не пратат многу кошарка, може и лесно да клизнат. Како и да е, малиот направи шоу само што се појави.

Интересна промоција на Кореец во Ц. Звезда со смешно новинарско прашање

Репрезентативец на Јужна Кореја Ин-Беом Хванг стана официјално најскапиот играч во историјата на Црвена звезда која за него на грчки Олимпијакос му плати 5 милиони евра за трансфер. Хванг веќе потпиша со црвено-белите и ќе игра во Лига на шампиони.

Чудна желба на навивач на Партизан

Понудата на српскиот навивач е до Кевин Пантер, после пријателската меѓу Партизан и Фуенлабрада. Погледнете ја реакција на Американецот после будалаштината од муабет нафрлен од трибина на кое незрело детиште.

Почнаа со упади на терен и во Саудиска Арабија

Сите добри и лоши појави во европскиот фудбал брзо се префрлаат и во Саудиска Арабија. Интересно делуваат навивачки групи по трибините во оваа екстремно богата земја која до пред скоро беше многу конзервативна и затворена. Сега почнале и таму да упаѓаат на терен.

Бензема еден на еден со голман, необјасниво

Карим Бензема го реши Ал Ахдуд со колено и му донесе 3 бода на Ал Итихад. Ама што му се случи при оваа акција? Ова е она кога за неискусен клинец се вели: Се уплаши да не даде гол.

Враќајте го Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ја заврши играчката кариера и ужива во слободното време. Уште нема најавено спектакуларен проштален меч на кој сигурно ќе дојдат најголемите светски ѕвезди. А дека е во форма и на 41 година доказ е најновото видео кое го објави ѕверот.

Фото и видео од дворецот на крал Меси во Мајами

Сајтот специјализиран за вести од недвижностите во САД, The Real Deal соопшти дека Лео Меси и Антонела Рокуцо купиле неверојатно луксузно живеалиште на брегот во градот Форт Лодердејл близу Мајами.

Убав муабет на Новак со новинари во Валенсија

Заврши сезоната на Гренд слем турнири за Новак Ѓоковиќ кој освои дури три: во Мелбурн, во Париз и во Њујорк а загуби еден, во Лондон во финале. Ноле сега го очекува настап на Дејвис Купот со репрезентацијата на Србија на која и се приклучил синоќа во Валенсија. На првото обраќање до шпанските новинари тој ги забавувал.

Тиафо збесна на Дејвис Купот и го лупаше рекетот од земја

САД загуби од Холандија во Дејвис Купот, а мечот го одбележа агресијата на Франсис Тиафо кој збесна поради една судиска одлука и го загуби последниот поен од Холанѓанецот Талон Грикспор. Во решавачкиот сет при негатива од 6:2 во тајбрејк, Тиафо го удираше рекетот од земја, за што доби казнен поен кој знаеше 7:2 и победа од 2:1 за Грикспор.

Дончиќ во стилот на Јокиќ

Словенечкиот ас на забава, со три кренати прста го пее познатиот српски хит Видован. Се претпоставува дека снимката е после Светското во кошарка на кое Словенија заврши седма. Инаку Лука Дончиќ по мајка е Словенец, а по татко Србин.

Голем македонски талент потпиша за Џенова каде Пандев е легенда

Шеснаесет годишниот Тома Георгиевски потпиша за најстариот клуб во цела Италија, Џенова. За овој колектив до скоро играше нашиот најголем фудбалер на сите времиња Горан Пандев кој таму остави голема трага.

Првиот Гренд слем на Ѓоковиќ

Во 25 години, рекордни 24 Гренд слем титули. Првиот секогаш ќе го памети. Го освои против моќниот Цонга, а во полуфинале го елиминираше Федерер.

Комити се пофалија со плен од Кавадарци

Во пресрет на мечот кој на големо се најавува меѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци, навивачите на скопскиот клуб решиле да им вратат на „Лозари“ за случувањата кога Вардарци играа бараж за прва лига во овој град.

Бензема со гол со колено за победа

Ал Итихад победи на гости кај Ал-Ахдуд со 0-1 а единствениот гол за лидерот во Саудиска Арабија го постигна Карим Бензема во 72' минута. Ова е трет погодок на некогашниот капитен на Реал Мадрид но трет на последните четири средби. 

Португалија мотивира наталитет со Европско првенство 2024

На 9 месеци до почетокот на Евро 2024 во Германија, Португалците решиле да го мотивираат наталитетот со тоа што секој кој ќе добие бебе во периодот околу Европското првенство, ќе добие еден месец платено родителско отсуство.

Сите луѓе околу Ѓоковиќ

Јелена, Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и Горан Иванишевиќ, не се единствените луѓе кои редовно ги гледате во ложа додека игра Новак. Тој има голема меѓународна екипа која се грижи за него. Да ги запознаеме.

Дебел е, никогаш не играл фудбал, ама ако ви дадам 20.000 евра ќе игра?

Со пари сè се купува, па дури и место во тим за синот кој никогаш не фатил топка во живот. Фудбал играл само на плејстејшн.

Чуден некој свет

На бејзбол во САД на некои стадиони со цел публиката да се забавува уште повеќе, смислиле Симба камера, односно камера која на трибините бара сопственици со нивните домашни миленици кои ги креваат како во познатата сцена со Симба.

Ла Лига стана спонзор на Ланваирпуллгуинхил-лгогерихуирндробул-лллантисилиогогогох

Не, не е ништо погрешно со насловот. Станува збор за велшки клуб од петта лига чие име е составено од 58 букви! Шпанска Ла Лига реши да го спонзорира овој необичен клуб.

Интересната приказна за Партизан и Фуенлабрада

Фуенлабрада е град или предградие на Мадрид. Оваа средина има посебно место во срцата на сите навивачи на Партизан кој во време на силни санкции, воена состојба во земјата, во сезоната 1991/1992 добива шанса своите домашни натпревари да ги игра во Фуенлабрада, место на 30 км од Мадрид со 200.000 жители.

Аргентинциве се друга димензија на навивачи

И како за крај на септемвриските квалификации, во Европа за ЕП 2024, во Јужна Америка за СП 2026, пуштете погласно пред да го пуштите клипов за да има поголем ефект и слушнете колку моќно звучи ова. Аргентинските навивачи се од друга планета.