Интер ги доби последните пет дуели со Милан (3-0 во Суперкуп, 1-0 во првенство, 2-0 па 1-0 во Лига на шампиони и сега 5-1 во првенство). Нераѕурите за првпат после 24 март 1974-та на еден меч против градскиот ривал дадоа пет гола.
Од друга страна Миланезите низ историјата во минатото на два пати имале серија од по шест победи по ред против Интер.
Но во последниве години нераѕурите се тие кои го држат Милано.
Симоне Инзаги стана енигма за Пиоли кој ќе се памети како тренер со негативен рекорд на клупата на Милан. Никој пред него не претрпел пет порази од Интер.
Актуелниот европски вицешампион игра почеток на сезоната како од соништата и има најдобар старт во Серија А во последните десет години, со 4 победи на 4 меча и гол разлика 13:1. Со 12 бода Интер е прв на табела. Јувентус е втор со 10, Милан е трет со 9.