Интересна промоција на Кореец во Ц. Звезда со смешно новинарско прашање

Репрезентативец на Јужна Кореја Ин-Беом Хванг стана официјално најскапиот играч во историјата на Црвена звезда која за него на грчки Олимпијакос му плати 5 милиони евра за трансфер. Хванг веќе потпиша со црвено-белите и ќе игра во Лига на шампиони.

Дваесет и шест годишниот репрезентативец на Јужна Кореја, во кариерата играл во американската МЛС лига, во руската Премиер лига и две години беше член на Олимпијакос каде важеше за еден од подобрите фудбалери.

Можноста со Црвена звезда да игра во Лига на шампиони му била пресудна во одлуката да се пресели во белградскиот клуб. Тој е универзален фудбалер од средниот ред и може да покрива многу позиции.

Црвена зведа го промовираше со спот поврзан со сцени од култната светски позната корејска серија Сквид гејм.

Еден од присутните српски новинари, очигледно слаб со англискиот јазик, се обидел да му постави прашање на Кореецот.

Поарно на српски да го прашаше:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport Mimz © (@sportmimz)

Црвена звезда ќе игра во ЛШ во група со Манчестер Сити, РБ Лајпциг и Јанг Бојс. 

15 септември 2023 - 14:45