Сите луѓе околу Ѓоковиќ

Јелена, Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и Горан Иванишевиќ, не се единствените луѓе кои редовно ги гледате во ложа додека игра Новак. Тој има голема меѓународна екипа која се грижи за него. Да ги запознаеме.

За време на 4. коло на УС Опен, Ѓоковиќ имаше повеќе испади кои го натераа да прокоментира за односот со неговиот тим.

„Тие ме држат остар, јас ги одржувам остар. Барам најмногу фокус од мојот тим и тие го прават тоа за мене. Во жарот на моментот изглегуваат многу забавни зборови. Тренирањето е дозволено годинава до одреден степен и се трудам да комунициран со нив, што не е секогаш најефикасен и најлесен начин, но помага“, рече Новак.

Неговиот тренер, Горан Иванишевиќ зборуваше на таа тема на почеток на оваа година.

„Не е лесен човек, особено кога нешто не му оди како што треба. Но, ние сме тука да бидеме „тепани“. За тоа е тимот. Ние сме тука за тој да се чувствува подобро и да се претстави подобро. Понекогаш не е лесно и е комплицирано“, рече Хрватот.

ГЛАВЕН ТРЕНЕР -  Горан Иванишевиќ

Поранешниот хрватски тенисер и освојувач на Вимблдон, го тренира Ѓоковиќ од 2019-та.

„Тој има софтвер во главата, што може да го вклучи кога ќе дојде Гренд слем. Гренд слемовите се различен спорт во споредба со другите турнири. Новак ме направи подобар тренер. Имав успеси и претходно со Марин Чилиќ и бев многу пати на теренот со него, но на спротивната страна. Секој ден е нов предизвик. Тој ве држи мотивиран. Секој ден мора да бидете се повеќе и повеќе потивиран. Секој ден има по нешто ново. Многу пати не се согласувам со него, но таква ми е работата. Не можете да се согласите со сè, а функционираме многу добро како тим“.

ТРЕНЕР - Марко Паники

Се работи за италијански тренер и физиотерапевт, како и поранешен спортист и двократен италијански шампион во скок во далечина.

Дипломирал „Спортско тренирање и спортска психологија“ во Флорида, а работел како консултант и соработник за многу спортски академии, како и тениски федерации како оние на Италија, Германија, Кина, Израел и Хонг Конг.

Новак Ѓоковиќ му е 16-ти тенисер со кој работел. Му бил тренер и на Фабио Фоњини.

СПАРИНГ ПАРТНЕР  - Карлос Гомез Херера

Поново засилување во тимот на Ѓоковиќ е шпанскиот тениер Херера. Еднаш со Ѓоковиќ играа тенис во двојки, но тој сега патува со него како спаринг партнер кој му користи за да вежба.

„Тој е најдобар другар на мојот среден брат Марко и еден од моите најдобри пријатели“, рече Ѓоковиќ за време на Вимблдон.

„Карлос играше многу турнири со Марко, па стана член на нашето семејство, личност со која сме навистина блиски. Вежбавме заедно многу пати додека тој сè уште играше. Лани кога реши да се пензионира, разговаравме и сакав да се приклучи на тимот. Горан и остатокот се сложија. Покрај тоа што е партнер и помошник тренер, Карлос е многу добро организирана личност. Придонесува за нашиот тим и логистички и аналитички“.

ХИРОПРАКТИЧАР -  Стивен Сасинис Шашјан

Австралиецот почна да работи во тимот на Ѓоковиќ за време на Австралија Опен.

„Имаше некои големи натпревари, второто коло, четвртфиналето, полуфиналето. Требаше да се копа длабоко и да се работи како тим за да откриеш како да го однесеш во следната фаза. Ментално и физички она што мораше да го издржи не беше друго, освен натчовечко. Не постои никој друг што можеше да ги преброди тие повреди. Тоа беше феноменално. Не се работи само за крцкањето коски. Тоа беше врвен момент кога ги ставав сите мои вештини на располагање“, рече Шашјан.

МАРКО ЃОКОВИЌ

Брат му на Новак е поранешен тенисер кој понекогаш патува со Ѓоковиќ. Всушност, годинава во Австралија Новак му викаше на Марко да си замине за време на финалето на АТП Аделаида. Подоцна му се заблагодари за време на победничкиот говор.

„Би сакал да му се заблагодаран на мојот тим што се справуваше со мене и што ме толерираше во добрите и лошите моменти денес. Ги ценам што се тука. Тука е и брат ми Марко, кој не го гледам многу често, затоа ценам што дојде, те сакам“, рече Новак во говорот.

ФИЗИОТЕРАПЕВТ - Миљан Амановиќ

„Миљан е еден од најблиските луѓе во мојот живот. Работеше многу овие денови и секогаш дава сè од себе. Со оглед на околностите, поминавме многу во кола овие денови, бидејќи одевме на 3-4 различни локации за терапија на различни машини. Се трудиме моето тело да биде доволно добро, за да може да издржи 5 часа. Многу сум му благодарен, без него би било многу потешко“.

ФИЗИОТЕРАПЕВТ - Клаудио Ѕимаља

Другиот физиотерапевт му е Италијанец, кој минатата година го замени Улисес Бадио. Автор е на книгата „Спортска мазажа и комплементарни техники“ и има работено и со други тенисери.

МЕНАЏЕР - Едоардо Арталди

Менаџерот на Ѓоковиќ, исто така Италијанец е често присутен во ложата.

„Едоардо ми е повеќе од агент. Тој е член на семејството и наш пријател. Тој е како постар брат и татковска фигура“.

14 септември 2023 - 13:23