Поради меѓународните санкции на СР Југославија, Партизан е принуден да игра далеку од својот дом. Младите кошаркари предводени од исто младиот тренер Жељко Обрадовиќ (само што завршил играчка кариера добил понуда да стане тренер на Партизан) прифаќаат да играат во еден шпански град каде никогаш претходно не биле.
Набрзо тамошните жители во Фуенлабрада почнуваат да се интересираат за младиот српски состав, ги гледаат дуелите на црно-белите, се вљубуваат во симпатичната екипа и почнуваат да навиваат за нив.
Никој ниту на сон не помислувал дека Партизан токму таа сезона 1991/1992 ќе стане европски шампион! И тоа во Истанбул во големото финале против шпански Хувентуд, со тројка на Ѓорѓевиќ во последна секунда.
Еден од најзаслужните за оваа романтична бајка е и Хозе Кинтана, тогашен градоначалник на Фуенлабрада.
Zeljko Obradovic'in ilk Euroleague şampiyonluğunu yaşayacağı Partizan'ın başında olduğu yıllar. (1992) pic.twitter.com/C5y9dZ2TwL
— Spor Tarihi™ (@SporTarihi) April 17, 2015
„Само што ја отворивме салата 'Фернандо Мартин' (5.700 места) и веднаш ни понудија три тима од поранешна Југославија да играат кај нас. Јас се одлучив за Партизан, најмлад тим во Европа тогаш. Тоа беше незаборавно искуство кое ги смени нашите животи. Даниловиќ, Ѓорѓевиќ, Жељко... Градот се сврте кон Партизан. Беше тоа спортски успех кој никој не го очекуваше. На Обрадовиќ не му сметаше што луѓе доаѓаа да гледаат и тренинзи“, се сеќава актуелниот претседател на клубот Фуенлабрада Висенте Ортега.
Ниту еден кошаркар и навивач на Партизан не заборавил на топлиот прием кој црно-белите го имале таму. Интересно некои жители на Фуенлабрада дури и отишле во Истанбул да го бодрат клубот во финалето против шпански клуб.
Оттогаш емотивната приказна со Фуенлабрада е причина управите на двата клуба редовно да комуницираат и да се помагаат едни со други. Шпанскиот клуб синоќа гостувал на пријателски меч во Белград кој го добил Партизан предводен од Жељко Обрадовиќ кој ги водеше и во таа шампионска сезона 1991/1992 како најмлад европски тренер со титула.
Интересно пријателската синоќа се играла на отворено во спортскиот центар „Ташмајдан“ во Белград а картите за натпреварот се продале во рекорден рок.
Еве супер-интересни документарки за бајката Partizan de Fuenlabrada:
КК Партизан синоќа срдечно го пречекал кошаркарскиот клуб Фуенлабрада на пријателска средба пред почетокот на новата сезона. Црно-белите победиле 93:63. Фуенлабрада инаку е стандарден шпански прволигаш од АЦБ лига.
💙🖤#FuenlADN #MiFuenla pic.twitter.com/slFpxlQGqB
— Baloncesto Fuenlabrada (@BFuenlabrada) September 13, 2023
Partizan 🇷🇸 fez um amigável de Basquetebol a céu aberto 🤯🔥pic.twitter.com/Mb4UIMPibd
— Cabine Desportiva (@CabineSport) September 13, 2023
Friendly basketball match:
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) September 13, 2023
Partizan Belgrade vs Fuenlabrada 13/09/2023 pic.twitter.com/lJ0sNaWQQE
Friendly basketball match:
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) September 13, 2023
Partizan Belgrade vs Fuenlabrada 13/09/2023 pic.twitter.com/XBXfOkZvtG