Шевченко и Џиџи Буфон од пенал како некогаш

Двете енормни легенди поради кои генереции и генерации го засакаа фудбалот, сега се сретнаа на мечот од хуманитарен карактер организиран во Словенија од првиот човек на УЕФА Александар Чеферин, со цел помош на луѓето загрозени од неодамнешните поплави. Џиџи и Шева одново беа очи во очи од пенал точката како пред две децении во финалето на Лига на шампиони меѓу Јувентус и Милан.

Покрај Буфон и Шевченко, во Љубљана на ревијалниот меч играле уште и Малдини, Ибрахимовиќ, Видиќ, Бербатов, Кобиашвили, Чорлука, Сидорф, Хавиер Занети, Фиго, Мијатовиќ, Ерик Абидал, Клосе, Миливоје Новаковиќ, Давор Шукер, Боштјан Цесар, Маркос Таварес, Карагунис, Хамит Алтинтоп, Манџукиќ, Дејвид Џејмс, Микае Силвестре, Бојан Јокиќ, Оливер Бироф и други. 

16 септември 2023 - 10:28