Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Си знаат јунаците како се викаме

Кадетите на Македонија го остварија најголемиот успех во историјата на машкиот ракомет во својата категорија. На Светското во Хрватска ја совладаа четвртата европска сила Унгарија и се изборија за дуел за 9 место. Избраниците на Раде Стојановиќ направија педантна корекција на името на државата на автобусот кој го добија од организаторот.

Тони Паркер влезе во Куќата на славните на НБА

Четирикратниот НБА шампион и еден од најдобрите во историјата заслужено доби свое место меѓу великаните, во Куќата на славните на НБА во Спрингфилд. Заедно со Грег Поповиќ, Ману Џинобили и Тим Данкан се симбол на едно преубаво време на трофејните Спарси.

Кога игра Хајдук, во Сплит е празник

Хајдук синоќа го пречека ПАОК во квалификациски меч од Конференциска лига, трето по ранг натпреварување во Европа. Некој да види што приредија навивачите, а да не знае за што играле, ќе мисли ова е финале во Лига на шампиони.

Прекрасниот мозаик на Копа Либертадорес во Парагвај

Олимпија Асунсион со 3-1 го згроми фаворитот Фламенго од Бразил и со вкупен резултат 3-2 се пласираше во 1/4 финале на највредниот турнир во цела Јужна Америка. Навивачите во главниот град на Парагвај направиле спектакл синоќа.

Гатузо немал ваква прослава на гол

Запознајте го 35 годишниот Бразилец Алоисио од Америка Минеиро. И ако ви е страв не мора да го гледате клипот до крај, да не ви влезе и на вас со клизачи и боксови.

Што заплени грчката полиција од навивачите на Динамо?

Ножеви, палки, ракети, динамити, фантомки, камен...се забележуваат на фотографиите кои ги носеле битангите на гостувањето во Атина, мислиш во војна отишле, а не на фудбал. Инаку уапсени се околу 100 навивачи, скоро сите Хрвати.

Градски во Скопје, пред и потоа

Горната фотографија е од Супер Купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед одигран на 8 август 2017-та. Долната е од квалификациската во Конференциска лига меѓу Шкупи и Левски Софија, 27 јули 2023-та. Место да се одржува и да се усовршува, се случува обратното и теренот е претворен во нива на која не би играле ниту Шишево и Дељадровце.

Ефектот Меси во САД: 5 пати поскапи карти, Мајами добил милиони нови следбеници, повеќе од Чикаго Булс

Како што фудбалот во САД се делеше на пред и после Пеле, така сега според зборовите на сопственикот на Интер Мајами Хорхе Мас: „Фудбалот во САД се дели на пред и после Меси“. Преувеличува ли првиот човек на новиот клуб на Лео или тоа е реалност?

Ново страшно видео од хрватските навивачи наоружани до заби

Не биле воопшто наивни сцените во Атина во понеделникот ноќта, посебно ако ти излезат пред очи овие 100-150 „навивачи“ кои место со навивачки реквизити, одат на гостување како багабонти и хараат по улици и дуќани, маскирани како криминалци.

Ди Марија ја изремети одбраната на Порто за нов пехар на Бенфика

Аргентинскиот ас и светски шампион со „гаучосите“ играше во многу клубови а секогаш изјавуваше дека Бенфика му е најдраг. И покрај тоа што имаше бројни понуди летово како слободен играч, особено богати од Саудиска Арабија, на крај се реши да се врати во Бенфика. Сега во големото дерби со Порто во Суперкупот на Португалија славеа 2-0 а Ди Марија постигна убав гол во 61’ минута на асистенција на новото засилување Кокчу од Феенорд.

Навивачите на Јуве во клинч со управата за Лукаку, протестираа со инвазија на терен

Ромелу Лукаку воопшто не е посакувано име меѓу навивачите на Јуве кои удрија со силен протест за да се прекинат преговорите со Челси. Пред мечот со парола, а по мечот многу пожестоко, со инвазија на терен. Инаку играа контролен меч против својот младински тим кој заврши 8:0.

Голмански рефлекс кој им спречи радости на Роналдо и Мане

Кристијано Роналдо ја заврши работата од пенал и со победа од 1:0 му обезбеди на Ал Наср финале на Арапскиот Куп на шампиони. Весниците ќе беа уште побогати ако ги погодеше двете 100% шанси после прекрасните додавања на Садио Мане. Второто ептен атрактивно со пета на прва.

Роналдо со гол од пенал го однесе Ал Наср во финале и доби трофеј за кој го закачнаа

Ал Наср обезбеди пласман во финалето на Арапскиот Куп на шампиони, а Кристијано Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот. Погодува на четири меча во низа.

Трол на денот на ултрасите на Јуве за Лукаку

Ромелу Лукаку се наоѓа во специфична ситуација. Член е Челси кој сака да го трампа со Влаховиќ, а изминатата сезона играше на позајмица во Интер. Навивачите на Интер го сметаат за предавник бидејќи е блиску до омразениот Јувентус, ама па и таму не е добредојден. Веќе му спремија трол.

Дефинитивно за голман треба да си посебна дилајла

На мечот меѓу мексикански Тигрес и канадски Ванкувер Вајткапс од КОНКАКАФ Лига Купот имало чудна голманска будалаштина. Дуелот завршил 1:1, легендарниот француски шпиц 37-годишниот Жињак дал гол со ножички а после на пенали голманот на Тигрес Нахуел Гузман решил на чуден начин да го деконцентрира фудбалерот на Ванкувер Ранко Веселиновиќ.

„Хрватите испратија таен документ за доаѓањето на криминалците. Некои Грци не го прочитаа“

Седум полициски началници во Атина синоќа беа експресно сменети после убиството на навивачот на АЕК. Грците зборуваат за сериозни пропусти на своите колеги.

Каква фора им продал Меси од слободен удар

Тренерот на екипата на Далас во американската МЛС лига, Нико Естевез изјавил дека кога Меси изведува слободен удар тоа е како било кој друг играч да изведува пенал. На последниот меч меѓу Далас и Интер Мајами, тимот на Лионел губеше 4-2 и во последните минути постигна два гола за 4-4. Лео израмни со прекрасен гол од слободен удар. Ама сега се појави видео каква фора им продал додека судијата го местел живиот ѕид.

Пенал кој ќе ти го направи денот

Синоќа покрај дуели од квалификации за Лига на шампиони се играа и натпревари од раната почетна фаза на англискиот Лига Куп. На мечот Акрингтон - Брадфорд Сити кој завршил 1-1, гостите славеле на пенали 1-4. Еден од ударите во изведба на Кореде Адедојин ќе биде најкомичен сезонава сигурно.

Долг тениски поен донесе чудна дебата на сред терен

Милош Раониќ, познатиот канадски тенисер со потекло од регионов, на времето беше меѓу топ 10 на светот. Играше многу Гренд слемови и познати турнири. Потоа паузираше две години и сега се врати на терените откако добил покана за настап на Мастерсот во Торонто. А таму го снашла чудна епизода.

Луда тројка на Дончиќ од 11-12 метри

34 поени, 13 скока и 14 асистенции содржи новиот трипл дабл на Лука Дончиќ на подготвителниот меч пред Светското кој Словенија го доби против Црна Гора со 104:100. Погледнете ја оваа негова самодоверба и дрскост.

Дефанзивец на Бачка Топола одбрани нешто што голманот на можеше со раце

Брага го доби српскиот претставник во третото квалификациско коло од ЛШ со 3:0, кој ако не успее да направи чудо на реваншот ќе игра групна фаза во Конференциска лига. Капитенот на Бачка Топола, Немања Петровиќ во еден момент без раце беше подобар од голманот.

Бајката од Фарски Острови продолжува - Клаксвик го победи и норвешкиот шампион

Она што потајно го посакуваа сите љубители на романтичниот фудбал далеку од милијардите на шеиците, нафтните магнати и олигарси, се оствари. Клаксвик, малото клупче од Фарски Острови урна уште еден многу поголем фаворит.

Не е лошо да го наградите мајсторот на голов

Англичаните почнаа со фудбал со натпреварите од Карабао Купот во кој се играа натпреварите од првото коло. Свонси го елиминираше Нортемптон со 3:0. 26 годишниот Џош Гинели веќе го има голот на сезоната.

Како изгледа тоа огнена улица?

За јужноамериканците фудбалот е пред сè и над сè. Се играше реванш осминафиналето од Копа Либертадорес меѓу Интернационал и Ривер Плејт во Порто Алегре на кое поминаа домаќините на пенали. Уште од минатиот месец бразилските навивачи собирале пари за да ја направат својата традиционална „огнена улица“ и да го направат овој страшно добар амбиент пред стартот на мечот.