Меси откри кој му е најдраг од повеќе од 800 гола во кариерата

Лео во една прилика раскажа дека најубаво му е кога ќе се сети на голот со глава во финале на Лига на шампиони во Рим против Манчестер Јунајтед кога Барселона го освои пехарот. Овојпат откри дека сепак најдраг му е оној против Реал во полуфинале на Лига на шампиони на „Сантијаго Бернабеу“ во 2011-та година.

Во првиот меч од полуфиналето на ЛШ во 2011-та меѓу Реал и Барса, гостите славеа 0-2 со двата гола на Лионел Меси во 76’ и 87’ минута. Тогаш Пепе доби црвен картон во 61’ минута а голманот на Барселона Пинто доби црвен картон во 45’ минута.

Меси на 23 години веќе беше најдобар светски играч и тоа го докажа кога направи дар-мар со цела одбрана на Реал Мадрид и рутински го совлада Икер Касиљас за конечни 0-2:

 

 

2 ноември 2023 - 09:42