Седмата тенисерка на светот се расплака поради војната

По триумф над чешката тенисерка Маркета Вондрушова 6:4, 6:4, туниската тенисерка Онс Жабур имаше емотивно интервју на самиот терен. Зборуваше за невино настраданите во војната меѓу Израел и Палестина и се расплака.

„Неописливо е што се случува со невини цивили, без разлика на која религија и припаѓаат или од какво потекло се. Насилството никогаш нема да донесе мир, затоа не можам да поднесам насилство но не можам ни да поднесам кога на луѓето им се одзема земјата.

Многу е тешко да се гледа како деца и бебиња страдаат секој ден. Сево ова ми го крши срцето. Решив да донирам дел од својата парична награда за Палестинците. Ова не е никаква политичка порака, ова е хуман гест. Сакам мир во светот и тоа е сè“, рекла седмата тенисерка на светот Онс Жабур од Тунис.

2 ноември 2023 - 12:37