Голем марш за поддршка на Луис Дијаз

Веќе четврти ден трае потрагата по таткото на големата фудбалска ѕвезда на Ливерпул, Колумбиецот Луис Дијаз чии родители беа киднапирани па мајка му била ослободена а на татко му му се губи трага и глас.

На 29-ти ноември додека се спремал да го започне мечот со Нотингем Форест во првиот состав на Ливерпул, на Луис Дијаз му јавиле страшна вест: родителите му биле киднапирани во градот Баранкас во Колумбија додека купувале овошје на локалниот пазар.

Мајка му ја ослободиле истиот ден а точната локација каде се наоѓа татко му уште не е позната. Според колумбискиот магазин Alerta, обвинителството и полицијата во Колумбија се сигурни дека татко му на фудбалерот е нелегално префрлен во соседна Венецуела преку шумски премини.

Киднаперите дошле на моторцикли и ги киднапирале родителите на Дијаз во нивното возило џип.

Полицијата и војската со хеликоптери и авиони го пребарувала шумскиот регион на границата со Венецуела но не пронашле ништо досега.

Издадена е и награда од 200 милиони колумбиски пезоси (околу 45,8 илјади евра) за некој што ќе помогне во спасување и ослободување на таткото на крилниот напаѓач на Ливерпул.

Во меѓувреме во Баранкас, родниот град на Луис Дијаз каде киднаперите ги земале неговите, се организирал масовен собир и марш за поддршка и солидарност до семејството на репрезентативецот на Колумбија.

Излегле илјадници жители на Баранкас и сите носеле бело. Маршот го најавил и самиот Дијаз. Луис Дијаз деновиве се наоѓал во Англија и нејасно е дали е отпатуван во Колумбија.

1 ноември 2023 - 10:58