Offside

Баерн Минхен е шампион на Германија, Интер е речиси на пиадесталот, Барса води со +9, ПСЖ ако го добие заостанатиот меч ќе биде на +4. Најкомпликувано и најнеизвесно е на островот.

Центрите во НБА со кои еден Хрват си имал работа

Марио Касун, со кариера во Европа, имал кусо НБА искуство во периодот 2004-2006 во дресот на Орландо Меџик. Во 1 минута ќе ви раскаже со кои сè морал да се рова под кошевите. Ежење, ама за нас. За него страв. Дончиќ и Јокиќ го опишува со неколку збора.

Голман, напиј се чај, ќе смрзнеш

Хрватскиот голман Матија Орбаниќ кој брани за турски Ерзурумспор на дуелот против Чорум кој го добиле 1-0 решил да се стопли со врел чај. На теренот минус степени, температура под нула.

Африканците прават шоу на трибини, ама и на терен

Африканскиот Куп на нации е во полн ек. Се одиграа две кола. Брегот на Слоновата Коска и Камерун одиграа 1:1. Погледнете ја акцијава во два потези. Бекот одигра еден на еден во стилот на Роберто Карлос, а потоа му ја даде на тацна на Диало кој ја награди работата на својот соиграч на перфектен начин. Играчите трчаат на различни страни, коментаротот вика, публиката е во транс. Преубави сцени на најголемиот турнир во Африка.

104-годишен ветеран свиреше химна на хокеј во САД

Еден од највозрасните луѓе на светот, 104-годишниот воен ветеран од Втора Светска војна Доминик Крители, ја исполнил американската химна на дуел од најпознатата светска хокеарска лига НХЛ меѓу Ајлендерс и Ренџерс кој завршил 2-0.

Срамна тепачка на женска кошарка во Турција

Натпреварот меѓу Мерсин и Бодрум во турската женска прва кошаркарска лига имал и трето полувреме. Откако гостинките од Бодрум во последни секунди стигнале до победата со кош на крајот за 72:73, на паркетот избила општа тепачка. Најлошо поминала кутрата Ејдина Топчу на која и пукнале аркада па била пратена во болница на шиење и сега е во добра состојба.

Барселона барала од Левандовски да не дава голови, за да не плаќаат бонуси на Баерн

Во ноември во Полска излегла биографијата на Роберт Левандовски во која имало многу интересни и еден несекојдневен детал - Барса барала од Роберт да не дава голови пред крај на сезоната 2022/2023 за да не мора да го плаќаат бонусот на Баерн Минхен.

Турците ја имаат најлошата паненка за 2025-та

Второлигашкиот фудбал од Турција го носи пеналот за заборав, како круна на сите импровизации и како за крај на годината. Многу лошо и несериозно, како Балотели да му е братучед.

Забивање на вечерта, Леброн и Смарт

ЛА Лејкерс го разби најслабиот тим во лигата Сакраменто Кингс 125-101. Лука Дончиќ маестрално стигна до 34 поени, пет скока и седума систенции за 22 минути на паркетот. Леброн Џејмс беше втор стрелец со 24 поени, три скока и пет асистенции. Имаше и сјајно забивање по одлична асистенција на Маркус Смарт без гледање.

Тимски гол е кога сите 11 ќе ја допрат

Сандерленд и Лидс Јунајтед одиграа 1:1 во 18. коло од Премиер лигата. Домаќините го отворија резултатот во 28 минута, гостите израмнија уште на старт на второ со голот на Доминик Калверт Луин. Погледнете им акцијата. Цел тим учествуваше. Реткост е ова.

Кристијано Роналдо стигна до 956 гола

Португалецот на свои 40 години уште е расен стрелец, дава голови и голови. Кристијано Роналдо во саботата вечер даде 2 нови гола за Ал Наср во победата над Ал Ахдуд и сега имаат 10/10 победи, на прво место се со максимални 30 бода пред Ал Хилал кој има 26 бода. Роналдо со новите два погодоци стигна до импресивна бројка од 956 гола во кариерата! На официјални натпревари. Никој и никаде како него. Кажа дека целта му е златната 1000-ка.

Јапонците ја пренесоа својата култура и на Африканците

Веќе неколку Светски првенства во фудбал по ред, Јапонците ја воодушевуваа светската јавност откако и фудбалерите во соблекувалните и навивачите на трибините после натпреварите правеа пиц-пец. Излегуваа видеа на кои се гледаше како чистат, бришат, си го собираат ѓубрето. Сега и во Африка на тамошниот Куп на Африкански нации слично нешто.

70 години Еурофарм Пелистер

Македонскиот шампион на спектакуларен начин ја одбележа 70 годишнината од своето постоење. Настанот помина во силно емотивна атмосфера, исполнета со видео пораки од сите краишта на светот, аплаузи за легендите и минута тишина за оние кои повеќе не се меѓу нас.

Експериментот помина, Ник Кирјос ја совлада Сабаленка во „битката на половите“

Во модерната „Кока кола Арена“ во Дубаи, вечерва некогашниот Топ 10 тенисер кој сега е дури 671 на АТП листата поради долгото отсуство поради повреда, ја совлада најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка 3:6, 3:6.

Огњен Симјановски најмлад дебитант и стрелец за Црвена звезда

Црвена звезда убедливо ја совлада љубљанска Цедевита Олимпија 97-77, а овој натпревар го одбележи историското деби на младиот талент Огњен Симјановски кој стана најмлад дебитант во историјата на белградскиот тим. Симјановски е роден на 28. септември 2009-та година во Суботица а синоќа заигра со само 16 години и три месеци. Со ова младиот Огњен ги надмина досегашните рекорди на Никола Топиќ кој пред да замине во НБА лигата дебитираше за Звезда на 16 години, шест месеци и 13 дена.

Прегледани ВАР грешки: Барселона најмногу фаворизирана, Реал Мадрид оштетуван

Шпанска Марка денес носи текст за извештајот на шпанскиот Технички комитет на судии кој признал 10 судиски грешки на 51 натпревар.

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер изгуби, Никола близу Оскар

Најдобриот светски кошаркар според многумина, Никола Јокиќ продолжува да ја импресионира светската кошаркарска јавност. Синоќа во поразот на неговиот тим од Орландо Меџик 127:126 Србинот стигна до јубилеен 180-ти трипл-дабл во кариерата.

Време е за култните новогодишни Четири скокалници

Уште еднаш традиционално, Божиќните и Новогодишните празници ќе бидат разубавени со супер интересното натпреварување во скијачки скокови - Четири скокалници. 74-ти пат.

Како Роналд Куман се справи со петмина плус голманот?

Прво ги реши како мали деца, а потоа го понижи и голманот. Кога сте виделе последен пат вакво соло, еден човек против пола екипа?

Јапонски ролеркостер на колото

Една чудна и ретко видена ситуација во јапонскиот фудбал. Од најлошата повратна топка до голман, другиве како да се инспирираа во напад.

Фото на денот

Франческо Тоти, Габриел Батистута, Винсент Кандела, Винчецо Монтела и Кафу. Ова е само дел од славната банда на едно подзаборавено Скудето, кое и го донесоа на Рома сезоната 2000/2001. Времиња.

Наскоро Кирјос - Сабаленка, кладилниците очекувано со Ник како фаворит

Во недела ќе се одигра долгоозборуваната „Битка на половите“. Во Дубаи за првпат (макар така е кажано официјално) сериозно ќе се тестираат некогашниот активен тенисер и Топ10 Ник Кирјос и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка. Кладилниците веќе излегоа со коефиценти: со 1.20 Кирјос е апсолутен фаворит а за триумф на Сабаленка квотата е 4.00.

Николов и Начевски за дуелите со Лино и Вујо

Славе Николов и Ѓорги Начевски ја објаснуваат разликата меѓу двете тренерски легенди Лино Червар и Веселин Вујовиќ. Велат искуствата со нив двајца се дијаметрално спротивни. Едниот агресивен, другиот дипломат.

Најпознатите Американци кои заиграа за европски селекции

По видеото со балканци рекордери по број на поени во НБА, Моцарт направија обратна анализа. Со успешни Американци кои добиле пасош во Европа за да заиграат и помогнат на други репрезентации. Меѓу нив има двајца кои го облекоа македонскиот дрес. Едниот стигна до полуфинале на ЕП.

Чика Миге за ривалството на Работнички и МЗТ Скопје

Некогашниот кошаркар и голем миленик на навивачите на Работнички кој беше заслужен за неколку шампионски трофеи на црвено-белите, Владимир Филиповиќ познат како Чика Миге меѓу Сити Парк Бојс, раскажа интересна анегдота од периодот кога играше во Македонија. Тој настапуваше уште и за Лирија, Кожув, Карпош Соколи, Куманово и Овче Поле. Раскажа како се сретнал со играч на вечниот ривал МЗТ Скопје, Игор Пенов.