Голчиште од 30 метри, Зеленортските Острови повторно сопреа светски првак
Дебитантот со едвај половина милион жители игра лудо Светско првенство. По ремито 0:0 против Шпанија, му одигра јуначко реми и на фаворитот Уругвај и тоа со резултат 2:2. Првиот гол во нивната мундијалска историја ќе му остане запишан на Кевин Пина кој игра за Краснодар. Во трето коло против Саудиска Арабија ги чека нестварна битка за нокаут фаза.