Холандија со час по фудбал за Шведска

Холандија ја разби Шведска во Хјустон каде до 54-та минута ѝ даде 4 гола. На крајот Брајан Броби постигна два гола колку што даде и Коди Гакпо кој имаше и асистенција. Новиот десен бек на Реал Мадрид Дензел Думфрис забележа две асистенции и Холандија практично ја разби Шведска. Швеѓаните намалија на 4-1 во 59' минута преку Еланга, а точка става Самервил со гол за 5-1!

1-0:

2-0:

3-0:

4-0:

4-1:

Во оваа група Холандија во моментов е прва со 4 бода, Шведска има 3, Јапонија 1 и Тунис кој го смени селекторот Сабри Ламуши на самото Светско е последен во група со 0 бодови. Вечерва играат Јапонија и Тунис (со нов селектор Французинот Ренар).

Во последното коло Холанѓаните ќе се сретнат со Тунис а Шведска со Јапонија.

Standings provided by Sofascore

 

20 јуни 2026 - 20:17