Јунакот на Египет Зико - дебитираше во мај за репрезентација, сега е херој

Египет победи со пресврт против Нов Зеланд 3-1 иако губеше до 58' минута од натпреварот. Се се реши за десетина минути кога постигнаа два гола, го свртеа резултатот а до крајот и ја потврдија победата. Главен јунак не беше капитенот Мохамед Салах туку еден друг играч.

Во центарот на вниманието на првата победа на Египет на Светско првенство беше Мустафа Зико.

Тој го постигна првиот гол за Египет против Нов Зеланд за израмнување а после му асистираше и на Салах.

Интересно во нападот на Египет главни ѕвезди се скапоцените Салах и Омар Мармуш за кого Манчестер Сити лани плати 75 милиони евра. Но од сенка излезе, како и на секое Светско првенство, еден анонимен играч кој малку кој го знае. И кој до вчера чинел само 1,8 милиони евра според Трансфермаркт.

Мустафа Зико дебитирал за Египет пред Светско првенство на 28-ми мај на пријателски натпревар против Русија. Тогаш и го дал единствениот победнички гол за Египет на таа приајтелска средба.

Синоќа прво израмни со прекрасен гол со глава:

А потоа и му асистираше и на Салах за голот за 2-1. Конечните 3-1 ги постави центарфорот Трезеге.

Кога се однесува до јунакот на првио триумф на „Фараоните“, не се работи за млад и перспективен фудбалер, затоа што Мустафа Зико веќе има 29 години. Долго време не бил приметен ниту внатре во Египет. Дури на 25 години првпат заиграл во најсилната египетска Премиер лига.

Од скромниот Харас Ел Ходуд после прва сезона во сениорски фудбал преминал во просечниот клуб ЗЕД. Но таму постигнал 12 гола во сезоната 2023/2024, шест во следната 2024/2025 и го привлекол вниманието на Пирамидс, трет клуб во земјата после големите Замалек и Ал Ахли.

Мустафа Зико е многу важен за репрезентацијата на Египет на тактички план: игра десно во среден ред, му помага на десниот бек и има напаѓачки излети. Многу му помогнал на бекот кога добро го чувал Жереми Доку против Белгија во 1. коло. Салах е профилиран десен крилен напаѓач а сега игра во тандем центарфори 4-4-2.

Салах има помалку одбранбени задачи, фокусот му е само на нападот а во прв ред најмногу брзи премини од одбрана во напад.

Селекторот Хосам Хасан објаснил дека му дал шанса на Мустафа поради добра форма и способноста да го напаѓа казнениот простор на противникот кога тргнува од крило. Токму во таков стил Зико и имаше 1 гол и 1 асистенција во победата против Нов Зеланд (3:1), прва за Египет во историјата на Светските првенства.

Благодарение на оваа победа Египет собра 4 бода и изби на прво место. После натпреварот цела репрезентација на терен го прослави пласманот во следна рунда. Тој не е математички гарантиран но дури и при неочекуван пад на 3. место би имале доволно бодови како едни од најдобро пласирани трети да одат понатаму.

22 јуни 2026 - 09:45