Црвената фурија се разбуди после киксот со Зеленортските острови и фуриозно ги суреди Саудијците со 4:0. Мечот беше решен уште во 24 минута кога на семафорот стоеше 3:0. Јамал во 10 минута го запиша првиот мундијалски гол на 18 години. Следуваа два брзи гола на Ојарзабал во 21 и 24 минута. На стартот од второ аутсајдерите си постигнаа автогол.