Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Пред пет години падна еден од најјаките голови во финале на ЛШ

Киев, 26 мај 2018. Реал под водство на Зидан брка хет-трик во Лига на шампиони. Прво во финале паѓа Атлетико Мадрид, па Јувентус и на крај Ливерпул со 3:1. Дечкото кој на моменти повеќе му се посветуваше на голфот откако на фудбалот и кој никогаш не стана миленик на навивачите во Мадрид, направи потег по кој Зидан се држеше за глава.

Специјалистот за Куп и Супер трофеи се вика Симоне Инѕаги

Како играч секогаш во сенка на брат му Пипо, но како тренер приказната е сосема поинаква. Кој би рекол дека сезонава ќе ги вкрсти копјата во финале на ЛШ?

Најнепосетеното фудбалско финале сезонава го имаат Бугарите

Лудогорец ја совлада ЦСКА со 3:1 во финалето на бугарскиот Куп и стигна до првиот ваков трофеј по пауза од 9 години и трет во историјата. На трибини двајца без тројца.

Автогол на сезоната од кој боли образ и зуе уво

Несреќа во Купот на Литванија. Да не знаеш кого повеќе да жалиш.

Роџер Федерер со анегдота за просечен љубител на спорт во САД

Четириесет и едно годишниот велемајстор и легенда на белиот спорт кој освои 20 Гренд слем трофеи, слободното време по крајот на кариерата го користи за шетање и забава по друштвените мрежи. Во еден твит раскажа интересна анегдота.

Њукасл ќе игра во Лига на шампиони после 21 година, каков им беше претходниот настап?

Благодарение на ремито 0:0 со Лестер, Њукасл и официјално и теоретски обезбеди пласман во групна фаза од Лига на шампиони. Првпат ќе играат еврокуп од сезоната 2003/2004 кога испаднаа во баражот од белградски Партизан на пенали на својот стадион.

Забавната страна на НБА финалистот Никола

Кевин Дурант за него изјави дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет, а Леброн го нарече ѕвер и рече дека е посебен. А тоа е едно така едноставно и скромно момче, што сака да јава коњи и да се забавува под кошевите. 

Најјакото голчиште кое го прими Сити сезонава го даде 19 годишен Парагваец

Шампионот на Англија си дозволи реми 1:1 против Брајтон, кој пак со овој бод и математички го обезбеди учеството во Лига Европа, на едно коло од крајот на сезоната во Премиер лигата. Обрнете внимание на шутот на Хулио Енсисо, роден 2004-та. Страшен гол му даде на финалистот во ЛШ.

Тренер во Јапонија не го играл Иниеста, Андрес во солзи си заминува

Некогашниот најдобар фудбалер од среден ред на светот, човек кој во 2010-та со златен гол ѝ донесе светска шампионска титула на Шпанија со која освои и Европско првенство и жива легенда на Барселона, пет години е во јапонскиот Висел Кобе.

Цел Бернабеу му даде поддршка на Винисиус, од играчи до навивачи

Со головите на Бензема и Родриго, Реал Мадрид го совлада Рајо Ваљекано 2:1 во 36. коло од Ла Лига. Мечот мина во знак на Винисиус кој седеше во ложа.

Го искрши рекетот од судиско столче па прекинаа меч

На тенискиот турнир во Лион се случи не баш често виден инцидент. На мечот меѓу Микел Имер и Французинот Филс, овој првиот, 24-годишен тенисер роден во Шведска од родители од Етиопија, направи невиден скандал. Откако по еден загубен поен почна налудничаво да го удира рекетот од судиското столче, главниот судија го прекина мечот во корист на Филс при резултат 6-5 во првиот сет.

Убиствен инстинкт на Лаутаро Мартинез кој му донесе нов трофеј на Интер

И покрај тоа што делуваше млитаво и несигурно на Мундијалот, аргентинскиот напаѓач сепак одигра одлична клупска сезона и со помош на неговите два гола од кои еден мајсторски, Интер го освои Купот на Италија.

Грне: Вардар е чиста љубов која ни со пари не се купува

„Сѐ најлошо што може да постои во фудбалот ние го доживеавме и преживеавме. Немавме топки, вода и услови за тренинг. Сѐ беше мачење. Секоја мака, секоја нервоза, дали ќе тренираме или не, а имаше денови кога не трениравме, после ова вредеше“.

Ал Наср ја сврте од 0:2 на 3:2 со убав гол на Роналдо

Домаќините имаа негатива од 0:2 после 40 минути игра, но успеаа да се вратат со три гола од 44-та до 59 минута. Кристијано Роналдо лесно го доби дуелот против двајца и со одличен шут од работ на шеснаесетникот го реши мечот за конечни 3:2. На две кола до крај Ал Итихад останува лидер на табела со 3+ пред Ал Наср.

Совршено несовршениот шут на Џокер

Бошко Караџа, одличен познавач на НБА лигата, кој беше дел од Јутјуб подкастот „Стречерси“, преполн со анализи за американската кошарка, има да ви каже неколку поенти за чудото од Сомбор. Посебно за начинот на кој Јокиќ ја постигна една од тројките против Лејкерси на четвртиот и последен меч од финалето на Западот.

Каква фешта во италијанска трета лига со луд пресврт

Драмите во англиските дивизии за пласман во погорна лига во овој период од годината, не се ништо полуди од оние во италијанската фудбалска пирамида. Таму во баражот во Серија Ц за пласман во втора лига, Фоџа го изгубила првиот меч од Аудаче Черињола со високи 4-1. На реваншот им требало чудо. Водат 1-0 од 78-ма минута и даваат уште два гола, пазете: во 93-та и во 96-та минута за конечни 3-0 и вкупен резултат 4-4 па со гол на гости одат во четвртфинале од баражот.

Станал локален јунак на Исланд по овој гол од пола терен

На мечот од рана фаза на Купот на Исланд, Викингур Рејкјавик го совладал тимот на Грота со 2-1. Единствениот гол за гостите го дал Арнар Хелгасон во 20’ минута, еврогол од половина терен.

На Џиџи многу му значи Парма, не можеше да гледа пенал

Во последното коло од италијанската втора лига Серија Б, Парма со 2-1 ја совлада Венеција. Неколку кола претходно „млекарите“ обезбедија пласман во баражот за Серија А кој важи за еден од најтешките во цела Европа. Џиџи Буфон се врати на голот по кратката пауза и првиот погодок на неговиот тим од пеналот на Фран Васкез немаше сили да го погледне.

Па налет и пенал и гол, подобро да му ја пуштеше

На големиот футсал турнир Копа Америка во Парагвај, на мечот меѓу Аргентина и Бразил кој завршил 3:3, на крај имало пенал серија. Бразилскиот голман Диего Ронкаљо во еден момент одбранил страшен шут од Аргентинецот Лукас Боло ама поарно да примел гол после ова.

Спалети влета на девојачко

Супер спонтана и симпатична средба на Лучано Спалети и едно расположено женско друштво собрано за убав повод. „Сега ќе ме има секаде па жена ми ќе ми се налути“, се пошегува стратегот на Наполи. „Ти да не си спритзизерот“, му вели една од насмеаните девојки. 

Јокиќ се потсети на култната објава: „Сака ли некој на баскет“?

Најдобриот играч на светот во моментов според многу параметри, на прес-конференција после уште ден триумф над ЛА Лејкерс и вкупна победа од 4-0, беше расположен за муабет со новинарите.

Скромноста на Јокиќ кога го прашаа за Ѓоковиќ

Со оглед на тоа што и на двете големи ѕвезди и сонародници им престои можност за освојување на големи пехари, Јокиќ во НБА финалето, а Ѓоковиќ на Ролан Гарос, Џокер доби прашање дали ќе се слушнат со Новак. Одговори прескромно.