Антиќ: Погодете во вистинскиот кош, гласајте за Александар Вучиќ

Откако гордо застана на неговиот митинг во Врање, а потоа видеото го објави на Инстрагам и напиша: Људина, пријател, брат, лидер, претседател, се појави ново видео, овој пат на Инстаграмот на Вучиќ. Се работи за спот во кој Перо се претставува како претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, а повикува за кого треба да се гласа на 17-ти во Србија. Му го чуваме грбот на Аца, вели Антиќ.

Живееме во чудни времиња и ништо повеќе не ни е јасно после ова.

Перо Антиќ на митинг кај Вучиќ 

10 декември 2023 - 13:06