Секој што го гледал мечот Барселона - Жирона е спремен да тврди дека таква фудбалска креација одамна немало. „Децата просто везат“ е најчест коментар на следбениците на шпански фудбал.
Гостите први поведоа на стадионот „Монжуик“ каде Барселона игра сезонава поради тоа што „Камп Ноу“ се реновира.
Гостите први поведоа преку нивниот најдобар играч, младиот Украинец Артем Довбик во 12’ минута на асистенција на неговиот сонари, но Роберт Левандовски само седум минути подоцна израмни на 1-1.
Барселона по израмнувањето тргна по водство и пресврт но тоа им отвори простор на избраниците на Мичел кои буквално уживаа во толку големо пространство пред себе. Во таква ситуација брзо пак го најдоа патот до мрежата на младиот голман Пења кој полека се зацврстува на голот на Барса.
Левиот бек Мигел Гитерез кој беше избран за играч на мечот, во 40’ минута даде прекрасен гол за 1-2 и со тој резултат се отиде на полувреме. Во вториот дел до 80’ минута немаше промена на резултатот се додека нововлезениот и свеж Валери Фернандез не зголеми на 1-3. Ова беше негов втор гол по оној во кралскиот Куп на Шпанија.
До крајот Гундоан намали на 2-3 а ветеранот Кристијан Стуани ги постави конечните 2-4!
Интересно ова е прва победа на Жирона во историјата над Барселона на официјален меч. Досега Барса четири пати победувала и два пати играле нерешено. Треба да се напомене дека до 2016-та Жирона никогаш не играла во Ла Лига.
For the first time in the club's history, Girona have won a game against Barcelona.
— Squawka (@Squawka) December 10, 2023
For the first time in his managerial career, Míchel has won a game against Barcelona.
Incredible scenes. pic.twitter.com/WXMH1GQobv
„Изгледа дека ние сега се спасивме од испаѓање што е наша главна цел“, кратко рекол тренерот на Жирона Мичел кој за волја на вистината е во право затоа што управата за цел имала само опстанок во најдобрата шпанска Ла Лига.
А како тргнаа работите ништо чудно да гледаме „нов Лестер“ и бајка каква што немало никогаш во историјата на шпанскиот фудбал.
Жирона сега после 16 кола е повторно прва со 41 бод, два повеќе од Реал Мадрид и дури 7 повеќе од Атлетико Мадрид кој има и меч помалку. Барса заостанува исто седум бода на четврто место.
До крајот од полусезоната, Жирона ја чека домашен меч со Алавес и гостински со Бетис. На Барселона во 2023-та и останаа три меча: на гости со Антверпен во Лига на шампиони и два меча во првенство со Валенсија на гости и со Алмерија дома.