Дарко Миличиќ е најмлад странец што заиграл во НБА и најмлад играч што заиграл во НБА финале и освоил шампионска титула, како и прв Србин кој стигна до тронот во САД. По него е Предраг Стојаковиќ.
Екстра талент кој во 2003-та беше избран за втор пик на драфтот од Детроит Пистонс. Пред него беше Леброн Џејмс, а по него Кармело Ентони, Крис Бош и Двејн Вејд.
Титулата со Пистонси ја освои уште во дебитанската сезона на само 18 години. Противник? Лејкерси со Коби и Шек.
Чисто како вовед и контраст на до сега напишаното, запознајте го на почеток преку начинот на кој даде изјава по натпревар на ЕП 2007 кој Србија го загуби од Грција. ФИБА го казни со 13.770 евра.
За неговата кариера нема што многу да се истакне, бидејќи Миличиќ не се разви во правецот како на пример еден Јокиќ, туку остана пропаднат талент кој никогаш не заигра на нивото на кое се очекуваше.
Од Детроит продолжи во Орландо Меџик, Мемфис Гризлис, Њујорк Никс, Минесота Тимберволвс и Бостон Селтик, за вкупна кариера во најсилната лига во светот од 10 години, со сиромашен учинок од 6 поени и 4,2 скока по натпревар.
213 см високиот центар од Нови Сад го залепи Мутомбо, а потоа во фаца му се смееше.
Прерано ја заврши кариерата, на само 27 години и се зафати со кик бокс. За него може да се сними филм во кој сигурно ќе бидат опфатени повеќе жанрови.
Пазете му го муабетов кога го носеле Американците во кинески ресторан.
Купил јахта, се возел пет пати со неа, па ја продал и загубил 300.000 евра.
Вели дека не се дрогирал, ама пиел сè и сешто и од град директно одел на тренинг.
На неговите домашни забави доаѓале и играчи кои не ги ни познавал.
Од него се памети и еден хуман гест. Го продал шампионскиот дијамантски прстен за парите да ги даде во хуманитарни цели за болни деца.
За тоа раскажува на 5:55
Дарко отсекогаш го сонувал српскиот сон кој денес всушност и го живее. Да резимираме: