Најубавиот гол во Италија викендов

После 16 одиграни кола во италијанската втора лига Серија Б, интересно изгледа табелата. Парма е прва со 34 бода и со сериозна намера да се враќа догодина во А. Втора е Венеција со 33 бода а трет е Комо кој од клупата го води верувале или не Сеск Фабрегас. Но да се вратиме на насловот.

Парма и Палермо одиграа луд меч во неделата кој заврши 3-3. Гостите водеа 0-2 но на крај испуштија победа во длабоко судиско продолжение. Првиот погодок на мечот беше дело на Матео Брунори од пола терен. Брунори го постигна и вториот гол за гостите.

11 декември 2023 - 09:55