Документарец за легендарниот водач на Аталанта Бергамо

Клаудио „Боча“ Галимберти е еден од оние останати јунаци на италијанската навивачка сцена кој проживеал сè и сешто по трибините и надвор од нив. Боча е прав ултрас кој поради разни полициски реперкусии долги години не може да дојде во живо да си ја гледа саканата Аталанта. Тој е најзаслужен што Curva Nord, навивачката трибина на стадионот во Бергамо е една од најубавите но и најжестоки во Европа.

Документарецот раскажува 30 години сторија на навивачката група Curva Nord Bergamo. Нарацијата е токму на главниот јунак на групата Клаудио Галимберти кој во една прилика вели:

„За оние кои се израснати во Бергамо, северната трибина е место кое порано или подоцна ќе го посетат а за многу деца од мојата генерација таа претставуваше премин од детство во возрасен човек. Јас оваа реалност ја открив во 1994-та година и го почнав својот пат како режисер кој се обидува да раскаже за овој свет.

Тој процес на набљудување со помош на камера никогаш не го прекинав и трае до денешно време. „Чувари на верноста“ (документарецот) е синтеза на патешествијата низ времето: од ’90-те години до појавата на репресија: од илјадници луѓе на трибините до обид фудбалот да се претвори во орвеловско шоу кое може да се гледа на телевизија“.

Документарецот трае 102 минути и го снимила продуцентската куќа Lab 80 Film основана во Бергамо во 1976-та година.

Клаудио Галимберти „Боча“ е уважена фигура не само во навивачкото движење на Аталанта или во Бергамо (да прашаш во овој град дали го знаат, 9/10 ќе ви одговорат потврдно), туку и меѓу сите ултраси ширум континентот.

Тој има неброено забрани за присуство на натпревари од полициските власти кои сметале дека често ги превршувал сите мерки. Често лежел во затвор поради разни инциденти со органите на редот и противничките навивачи во одбрана на честа на својата група и клуб.

„Во 2001-ва година последен пат гледав фудбал со сезонска карта“.

Тој е пример за тоа како страста кон фудбалот и својот клуб може на човек да му го смени животот и влезе во историјата. Тој е меѓу првите кој на своја кожа го почуствува репресивниот закон на италијанските власти познат како DASPO, односно стриктна забрана за влез на фудбалски натпревари за лица кои речиси и да немаат право на помилување.

 

11 декември 2023 - 12:48