Голман е па не му замерувајте

Тотенхем до врв ја наполни мрежата на Њукасл, победи со 4-1 и го забележа првиот триумф после подолго време. Удоги, Ришарлисон на два пати и Кореецот Сон од пенал беа стрелци на головите за Спарс а Жоелинтон во 90+1’ минута даде почесен гол за гостите. Во еден момент од мечот домашниот голман Италијанецот Викарио му се кривеше на гостинскиот шпиц Калум Вилсон па влегоа во дискусија.

Вилсон после мечот изјавил „Да се кривиш во лице... е недостиг на почит!“ а Викарио на Инстаграм стори под оваа изјава напишал: „Почит за секој кој ме почитува мене“.

11 декември 2023 - 09:42