Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Како изгледа процесот на поставување нова трева на Градски?

Вака лаички кажано, ова ни изгледа како дома кога местиме теписи, а тие велат дека се работи за хибридна трева, мешавина на природна и вештачка. Со врвен квалитет и висок степен на издржливост и со исти карактеристики како на стадионите на големите европски метрополи. Баш да видиме. Англија ја пречекуваме на 20 ноември.

Двете голчишта на Карачиќ по кои влезе во клинч со Чкембари

Еурофарм Пелистер не може да пркне во силната група од ЛШ и во 6. коло го запиша шестиот пораз. Пречката се викаше Кјелце кој две сезони по ред игра финале. Битолчани се р`чнаа со познат Вардарец.

Силниот дух на младината на Берлин

Унион Берлин за првпат во клупската историја игра во Лига на шампиони. Овој клуб пред само неколку години ќе згаснеше поради сериозни финансиски проблеми. Но навивачите го кренаа во најтешкиот период и од него направија клуб за почит, со прекрасен стадион и клуб кој стигна да игра и со Реал Мадрид во Лига на шампиони. Сега поминуваат низ сериозна резултатска криза од дури 9 порази по ред во сите натпреварувања.

Луда радост на Дарко после првиот триумф во НБА

Српскиот тренер кој изненадно доби шанса да го води гигантот и скорешен НБА шампион Торонто Репторс, Дарко Рајаковиќ еуфорично ја прослави првата победа во лигата против Минесота Тимбервулфс 97-94.

Дончиќ му одржа час по кошарка на првиот пик Вембенјама

Младата француска ѕвезда Виктор Вембенјама кој беше прв пик на драфтот во НБА, одигра одлична пред-сезона, но официјалните натпревари во најсилната лига се нешто друго. На мечот Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс Лука Дончиќ држеше час по кошарка и со 33 поени, 10 скока и 13 асистенции изведе трипл-дабл за МВП.

Играч на Порто влезе од клупа и даде три гола во Лига на шампиони

Првиот хет-трик сезонава во Лига на шампиони е дело на Бразилецот Еванилсон Барбоса од Порто и тоа во едно полувреме.

Араухо росна ливада

Барса имаше можност да ја зголеми предноста во финишот против Шахтјор на 3:1, ама при Гундоган на терен, слободниот удар го изведе Араухо. Топката излезе од кадар, а Левандовски и Де Јонг се кикотеа на клупа.

Страшни одбрани на голманите на Њукасл и Борусија Дортмунд

Ако сте ја играле ГГ3+, а сигурно има такви, на голманите да им ги барате парите. Погледнете ја двојната интервенција на Ник Поуп во 9 минута, со рамо им ја фати. Потоа и на Грегор Кобел во вториот дел, можеби најјака на колото.

Ново дете даде гол за Барселона во Лига на шампиони

Тренерот на Барса Чави очигледно го знае рецептот како да го врати сјајот на клубот. Станаа шампиони во Ла Лига а сега во Лига на шампиони блескаат со нови деца од својата академија Ла Масија.

Тренер на Шахтјор им бараше автограми на Педри и Гави

Ќе речеш деца, едниот 20, другиот 19 години, ама штом се протагонисти во клуб како Барселона, веќе се ѕвезди. Еден од тренерите на Шахтјор бараше да се потпишат уште пред да почне мечот.

ПСЖ го растури Милан, Дортмунд доминантен во Њукасл

Во третото коло од групната фаза во Лига на шампиони, Пари Сен Жермен беше убедлив против Милан, Селтик и Атлетико Мадрид одиграа реми со четири гола, Лацио загуби во Ротердам, а Сити ја оправда улогата во Берн.

Детето што уште од мало знае кој дрес го сака а кој не

Реакцијава на детето ги доловува навивачките песни со стихови „уште од мал учен сум, за него да навивам“ и слични митомании.

Кога Дејо и Бобан го суредија ПСЖ на гости

Вечерашната пресметка меѓу ПСЖ и Милан е поводот за едно ретро, кога овие две екипи се сретнаа во полуфиналето од ЛШ во 1995-та. Росонерите поминаа со вкупни 3:0, а мечот во Париз го реши Ѕвонимир Бобан на асистенција на Дејан Савичевиќ.

Кога ќе прашаат како се полни касата на УЕФА?

Холандски Феенорд мора да плати 17.500 евра казна во УЕФА поради тоа што на мечот со шкотски Селтик навивачите држеле зелено знаменце со натпис „Фак Селтик“. Притоа Феенорд мора да плати и 26.000 евра за непроодни скали на трибините и уште 8.000 евра за две запалени бакљи на трибините.

Дај му ја на Гигс контрава да видиш како ќе ја заврши

Овој Манчестер Јунајтед нема допирни точки со оној кој беше мерак за гледање. Едвај Копенхаген го добија и со тоа со гол на Мегваер. Браво за детево што истрча шринт по цел терен, ама на крај се изгуби.

Ѓоковиќ засвири на саксофон на сред концерт

На концерт на хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер во белградска „Арена“, меѓу првите гости биле Новак и Јелена Ѓоковиќ. Најдобриот светски тенисер во еден момент се качил на сцена и засвирил на саксофон.

Каква чест за Калин Ивановски, тренираше со Ѓоковиќ

Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски кој има 19 години и е на 308 место на АТП листата, имаше привилегија да се сретне и да поработи во Белград со најголемиот. Инаку Ивановски живее и тренира во Загреб, а Ѓоковиќ во една прилика изјави дека би сакал да одигра натпревар со него.

И официјално Макаби Тел Авив ќе игра Евролига во Белград

На состанокот на акционерите во Евролига во Истанбул била донесена одлука изралескиот шампион Макаби Тел Авив своите домашни натпревари да ги игра во Белград.

Го прашаа Јокиќ дали фатил баскет летово?

Како ти изгледаше одморот годинава? Колку играше кошарка? Колку гледаше? Колку одеше на трки со коњи? Одговорот искрен и оригинален.

Два нови прекрасни гола на Роналдо и асистенција со пета

Ал Наср го задржа максималниот учинок во азиската Лига на шампиони, откако синоќа во 3. коло го совлада Ал Дуаил со 4-3. Кристијано Роналдо постигна два гола а имаше и една прекрасна асистенција. Другите два погодоци беа дело на Талиска и Садио Мане.

Кај Јокиќ ништо ново, нова сезона, трипл дабл и победа над Лејкерси и Леброн Џејмс

Стартот на новата НБА сезона 2023/2024, оди вака: Победа на шампионот Денвер Нагетс против Лос Анџелес Лејкерс од 119:107 и трипл дабл на Никола Јокиќ, број 106 во кариерата. А цело лето по кафани, концерти и прослави.

Јокиќ почна пак да растура, а Шек да прави шоу на српски

НБА лигата се враќа на сцена таму каде што застана. Со трипл дабл на Никола Јокиќ и победа над Лејкерски и Леброн Џејмс, а потоа трето полувреме со најголемиот шоумен меѓу НБА легендите. Одиме со првиот муабет на Шек на српски за оваа сезона.

Гарначо ја копаше белата точка пред Копенхаген да го изведе пеналот

Ќе речеш дете, 2004-та родено, а тој неранимајко уште од млади години. Додека сите се мотаа околу судијата, Алехандро Гарначо користеше гужва и ја уништуваше точката од каде што се изведуваат пенали. Данците во 97-ма не успеаа да реализираат, а Манчестер Јунајтед се радуваше на првата победа сезонава во ЛШ.