Велемајсторија на тинејџер на Јунајтед во 97-ма минута за победа од 3:4

Манчестер Јунајтед го доби Вулверхемптон на гости со 3:4 во драматичен финиш. Јунајтед имаше 0:2 и 1:3, но домаќините на два пати стигнаа до израмнување и тоа второто за 3:3 се случи во 95-та минута со голот на Педро Нето. Само 2 минути подоцна 18 годишниот Коби Мејно, кој пред само пет дена даде деби гол за првиот тим во ФА Купот, ја почувствува првата радост и во Премиер лигата.

Израмнувањето на Нето во 95-та

Мајсторијата на Мејно во 97-ма минута, кој сами ја измеша одбраната.

2 февруари 2024 - 08:41