Њукасл конечно после четири порази им се врати на победите. Со 1-3 на гости ја совлада силната Астон Вила и се врати во игра за место во еврокуповите. Фабијан Шар даде два гола, еден автогол си постигна Алекс Морено а после мечот една гледачка со паметен потег си доби дрес од бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш. Ептен го погоди со благо во моментот.