Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Лудиот кош на Кливленд од 18 метри е втор најдалечен во историјата на НБА

Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс го одиграа најинтересниот меч од регуларниот дел сезонава. Домаќинот кој е неочекувано и изненадно втор на Истокот, славеше 121:119 со кош од преку половина во последна секунда!

Колку пива заслужува царов од Мајорка?

По пауза од 21 година, Мајорка е финалист во Копа деј Реј, откако синоќа го елиминираше Реал Сосиедад на пенали. Регуларниот дел од мечот заврши 1:1, а на стартот од првото продолжение на голот на Мајорка се појави ѕид по име Саму Коста. Не еднаш, туку два пати во иста акција спаси чист гол. Прво ја извади со нога, а вториот пат е нешто што не се опишува. Дури и на ВАР го проверувале и утврдиле дека не е гол.

А видовте ли што правеше Пеп при водство од 2:6?

Манчестер Сити го потопи Лутон со 2:6 во 5. коло од ФА Купот. Се играше 84-та минута, мечот веќе беше затворен, но не и за Гвардиола.

Слушнавте ли за пента-трикот на Халанд, втор за една година?

Манчестер Сити покажа моќ над малиот Лутон, го торпедираше на гостински терен со 2:6 и влезе во 1/8 финале на ФА Купот. Ерлинг Халанд постигна пет гола од кои четири му беа по асистенции на Кевин де Брујне.

Дончиќ и Далас настрадаа поради лудачки кош со звукот на сирената

Нова маестрална партија на Лука Дончиќ кој се чинеше дека го реши Кливленд со убава асистенција во финишот вредна победа. Но овој пат играч од спротивниот табор се претвори во Дончиќ и цела сала ја фрли во делириум.

Љубомир Николовски - синоним за НБА со 800 преноси и 7 Ол стар викенди на лице место

Снимил интервју со Мајкл Џордан, но и со Дејвид Штерн, привлилегија која ја немал друг македонски новинар. Па дури и седел на маса со луѓе од менаџерската агенција на Џордан за да разговара за трансфер за Пеце Наумовски. Да е само тоа. Тек да чуете што се случило кога му ги дал лентите од поразот на Реал Мадрид од МЗТ, директно на Жељко Обрадовиќ в раце.

Интересен нов документарец на НБА за Никола Јокиќ

Малку е познат деталот дека за време на НБА драфтот во 2014-та кога Денвер Нагетс го одбраа како 41. пик во тој момент во преносот оделе реклами па речиси никој не го ни приметил Србинот кој ќе стане двократен МВП најдобар кошаркар и шампион во НБА.

Влезе во игра и за 24 секунди доби црвен

Од натпреварот Мелбурн Виктори - Сентрал Кост Маринерс (0:1) вчера издвоивме едно епско промашување на гостите во последните секунди од мечот, а сега стигна друго видео од истиот меч. Бразилскиот млад 21-годишен центарфор Роналд Барселос добил црвен картон само 24 секунди откако како резерва влегол во игра.

Гути сурово искрен за Модриќ

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид сега во улога на стручен коментатор во емисијата „Ел Чирингито“ даде мислење за ситуацијата на 39-годишниот Лука Модриќ во клубот.

Кој ти вика немало атмосфера на баскет во САД?

На универзитетската, колеџ и средношколска кошарка во САД има далеку пожустар амбиент отколку во салите каде се игра НБА. Пример за ова е мечот од Католичката лига во Филаделфија каде тимот Роман Католик го совладал тимот Архибишоп Рајан 46:45 во продолженија.

Драјмонд Грин за Јокиќ

Четирикратниот НБА шампион Драјмонд Грин важи за еден од најгрубите кошаркари во лигата во последните години. Никој никогаш како него не се изнаплаќал толку парични казни и не бил толку често суспендиран поради наглите груби фаули, прекршоци и тепачки кои ги предизвикал. Зборува против сите и секого ама сега конечно покажа респект против најголемиот.

Јовиќ како Јокиќ, го научи Батлер по некој српски збор

Изненадно и интересно, српскиот репрезентативец Никола Јовиќ станал многу близок другар со суперѕвездата и лидер на Мајами Хит Џими Батлер. Тие двајца често се дружат и надвор од паркетот, а така било и синоќа кога беа суспендирани на 1 меч па не играа на дуелот Мајами Хит - Сакраменто Кингс (121:110). Џими побарал од Јовиќ да го научи како се скандира за Мајами Хит на српски јазик.

Прием на Дибала на кој се чудеше и Де Роси

Левицата на Пауло Дибала не служи само за голчишта кои обично не се бранат. Погледнете го како се загради и како ја прими на дуелот против Феенорд, а потоа и реакцијата на Де Роси. Роналдињо стил или Зидан. Импресивен потег.

Зошто за фудбалерите викаат дека се помалку интелегентни?

Жирона со 3-0 го совлада Рајо Ваљекано а Столе Димитриевски два од трите гола ги прими во судиско продолжение, во 90+1’ и во 90+3’ минута. Од 76-та минута гостите играа со играч помалку поради експресното исклучување на Пеп Чаварија кој доби два жолти и црвен картон во само неколку секунди. Крајно наивно и глупо.

Фиорентина промаши пенал, руски коментатор се здроби од смеење

Виолетовите го совладаа Лацио со 2:1 во 26. коло од Серија А и тоа со пресврт, а при нерешен резултат Аргентинецот Николас Гонзалес ја погоди стативата од 11 метри. Коментаторот целосно изненади со реакцијата.

Како Нено ја работеше полската одбрана

Плејмејкерот на Уникс Казан синоќа ја одигра една од најјаките партии во дресот на Македонија, која ја оствари една од највисоките гостински победи во историјата. Димитријевиќ беше маестрален со 32 поени, 8 скока и 8 асистенции и едноставно беше незадржлив. Погледнете по колку играчи го опколуваа и не можеа да го сопрат.

Аплаузи и овации за Модриќ во соблекувална

Нема многу што да се објаснуваат делата на Лука Модриќ кои ги остави во Реал Мадрид. Изоставен е од прв состав, но самото негото присуство и име, сè уште е важно и тежи на Бернабеу. И на 38 години решава натпревари на мајсторски начин, за потоа да следуваат заслужени честитки од цела соблекувална.

Блескава победа на Македонија во Полска, Димитријевиќ маестрален

Македонската кошаркарска репрезентација го одигра можеби најдобриот меч во последните неколку години откако убедливо ја растури Полска на гости 71:96.

Па добро, не било лошо солово на Леао

Управата на Милан и навивачите треба да бидат среќни што веќе петта сезона имаат играчиште како Рафаел Леао, еден од најдобрите во моментов на негова позиција. Португалецот од генерацијата 1999-та, не знае за нормален гол. Погледнете го што направи во 3 минута на мечот против Аталанта кој заврши 1:1.

Автогол на Интернационал со стил

Мечот е Интернационал - Гремио, а стрелецот Рене. Велемајсторски го изведе ова. Секоја чест.

Чиле ја добил Аргентина после 68 години!

Во ФИБА натпреварувањата за пласман на Европско или Светско првенство нема коло а да нема некое големо изненадување. Ова се случува од причина што голем број од главните играчи во многу селекции не се во можност да допатуваат поради обврски во своите тимови. Така на пример светскиот шампион Германија изгуби од Бугарија а Белгија го доби европскиот првак Шпанија. Најголемо изненадување се случи во главниот град на Чиле.

Кога Реал направи потоп во Гелзенкирхен, а сите зборуваа за ремек делото на Хунтелар

26 февруари 2014 или 10 години од „Ла десима“, кога гледавме драма во мадриското финале од ЛШ во Лисабон. На денешен ден Реал го торпедираше Шалке во осминафинале со 1:6. По два гола дадоа Роналдо, Бензема и Бејл, а конечниот резултат го постави Клас Јан Хунтелар, чисто колку да и додаде атрактивност на забавата.

Не му ја давај ќе ја дупне

На фудбал знаат често пати да влетаат и да прекинат натпревар, ама во сала не паметиме кога последен пат сме виделе. Инаку се работи за мечот Аргентина - Чиле.