Откако во 2020/2021 и во 2021/2023 го доби признанието, Јокиќ сега и за сезонава 2023/2024 повторно е избран за играч број еден во целата лига.
Србинот е во НБА веќе девет години а стана само деветтиот играч во историјата на лигата со три или повеќе МВП награди. На вечната листа им се придружи на Карим Абдул-Џабар (шест МВП признанија), Мајкл Џордан (пет МВП признанија), Бил Расел (пет), Вилт Чемберлен (четири), Леброн Џејмс (четири), Лери Бирд (три), Меџик Џонсон (три) и Мозес Мелоун (три).
Јокиќ стана само втор играч во историјата на НБА со најмалку 2.000 постигнати поени, 900 скока и 700 асистенции во сезона со што се израмни со легендарниот Оскар Робертсон (1961/192).
Во регуларниот дел од сезоната Јокиќ просечно бележеше по 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции по натпреваро со 58,3% шут од игра и 35,9% за три поени.
Nikola Jokić has been named the Kia NBA MVP for the third time, having previously earned the honor in the 2020-21 and 2021-22 seasons.
— NBA Communications (@NBAPR) May 8, 2024
The nine-year NBA veteran from Serbia is the ninth player to win three or more MVPs. pic.twitter.com/7WfS3RxOMP
Сомборецот шест пати учествуваше на Ол-Стар натпревар, стана шампион на НБА лигата и МВП на финалето. Тој е еден од ретките што на мошне убедлив начин стигна до наградата. Јокиќ имаше 79 гласа за прво место, Шеј-Гилџус Александер 15 гласа за прво место а Лука Дончиќ четири гласа за прво место. На крајот Никола имаше вкупно 926 поени, Шеј-Гилџес Александер 640 и 566 поени за Дончиќ.
The complete voting results for the 2023-24 Kia NBA Most Valuable Player. pic.twitter.com/Dqbd7MaRjC
— NBA Communications (@NBAPR) May 8, 2024
Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до две први места на Западот две сезони по ред. Нагетс го израмни рекордот со домашна непобедливост, а завршуваа и во Топ10 екипи по најдобра одбрана и напад за првпат во ерата на Јокиќ.