Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Каква партија на Ненад Димитријевиќ против ЦСКА Москва

Најдобриот македонски кошаркар веќе некое време држи кошаркарски часови во најдобрата руска лига. Така синоќа, минатогодишниот МВП на лигата, постигна 38 поени со само едно промашување од игра во триумфот на неговиот УНИКС Казан 78-84 против гигантот ЦСКА Москва која од клупата ја води Емил Рајковиќ.

Шпанско навивачко лудило во ЛШ

Навивачите на Реал Сосиедад ниту некогаш се израдувале на европски трофеј, ниту имаат привилегија редовно да го бодрат својот клуб на најелитната клупска меѓународна сцена. Сезонава тоа го искористија до максимум.

Шансата на Имобиле која ќе го сменеше мечот во Минхен

Во скоро цело прво полувреме Лацио добро го бранеше минималното водство од првиот дуел во Рим, а во 37 минута пред да ги прими двата гола, имаа и голема шанса по која ќе беше многу понеизвесно и повозбудливо ако ја реализираа. Ја промаши Чиро Имобиле, најдобриот стрелец во историјата на клубот со 206 гола, кој оваа сезона игра под нивото. 

Ашколсун Шенгун: Нов турски рекорд во НБА

Дваесет и едно годишниот центар Алперен Шенгун, роден во Ѓиресун, Турција е нов турски рекордер во најсилната светска лига.

Забивање на вечерта - постер од Феникс

Феникс Санс го совлада шампионот Денвер Нагетс на гости 117-107 после продолженија. Јокиќ и Мареј беа најефикасни кај домаќинот а Кевин Дурент со 35 поени, 8 скока и 5 асистенции го реши дуелот. Бекот на Санс Сабен Ли имаше само четири поени но и најатрактивно забивање на вечерта во НБА. Преку Зик Наџи.

Нов Сомбор шафл, одлична партија на Јокиќ но пораз на Денвер

Во „Бол Арена“ во Денвер, пред своите навивачи Нагетс изгубија после продолженија од Феникс Санс 107:117. Никола Јокиќ постигна 25 поени со 16 скока и пет асистенции за 44 минути на паркетот. Џамал Мареј беше најефикасен со 28 поени, седум скока и девет асистенции, но ни двајцата не можеа со Кевин Дурент кој постигн 35 поени со осум скока и пет асистенции.

Мбапе буквално ја искина мрежата на Сосиедад

Со два погодоци на Килијан Мбапе, ПСЖ и во реваншот од 1/8 финале го совлада Реал Сосиедад, со 1:2 и заслужено со вкупен резултат 4:1 оди во четвртфинале.

Баерн е Баерн, ПСЖ рутински во четвртфинале

Дури и во ситуација кога сите го прежалија во Бундеслига каде Баер Леверкузен му избега 10 бода, Баерн Минхен се крена и во Лига на шампиони апсолутно заслужено оди во четвртфинале. 12-то во последните 13 сезони за Баварците кои го совладаа Лацио убедливо со 3:0 и лесно ја надоместија негативата од првиот меч.

Кога во Данска паднал гол без топката да падне на земја

Мортен Нордстранд е поранешен дански фудбалер кој играл ѕа Лингби, Нордсјеланд, Копенхаген, Гронинген, АФГ и други. Тој е стрелец на еден од најдобрите голови во историјата на данската фудбалска лига.

Интер и Баер Леверкузен да го ладат ли шампањското?

Вака така за два и кусур месеци завршува клупскиот фудбал по кој ќе се префрлиме на репрезентативен во Германија. Ај да не честитаме пред време по луѓе, ама две, па и три од вкупно топ 5 лиги во Европа се скоро решени.

Дивац за Јокиќ на Олимписки Игри 2024

Средбата ЛА Лејкерс - Денвер Нагетс пред неколку вечери од прв ред ја следеа и Новак Ѓоковиќ и Владе Дивац. Легендарниот кошаркар после мечот поразговарал со Никола Јокиќ а сега во разговор за SiriusXM NBA Radio одговара на прашањето дали Јокиќ ќе игра на летните Олимписки Игри во Париз 2024.

Кои се најдолговечни тренери во англискиот фудбал?

После поразот во саботата од Рексам (4-0), управата на четвртолигашот Акрингтон Стенли решила да го отпушти Џон Коулман кој го водел тимот цели 9 години и 169 дена.

Смешен кикс за гол во Турција

Трабзонспор е трет во Турција зад гигантите Галатасарај и Фенербахче кои се борат за титулата. Трабзон на Енис Барди четири кола по ред не примил гол а синоќа изгубил 3-1 од Аланијаспор. Вториот гол кој го примиле бил по кардинална грешка на стоперот Стефано Деснвил. Барди го одиграл целиот меч.

Роналдо против двајца, да се наежи човек

Ал Наср го загуби првото четвртфинале во азиската Лига на шампиони од Ал Аин со 1:0. На Роналдо до толку добро му одеше дриблингот, што почна и сам да се дрибла, а ја научи и лекцијата дека не треба да се треска од земја кога му скандираат Меси. Барем за сега.

Жирона, Брест, Болоња и Астон Вила - најпријатните изненадувања на сезоната

Во најдобрите топ лиги во Европа секоја сезона има по некое симпатично изненадување кое им мати вода на големите клубови, а сезонава тоа е посебно приметно во Премиер лига, во Ла Лига, во Серија А и во Ла Лига.

На 6 примени, автогол со петица нема ни да се примети

Арсенал стана првата екипа во историјата на англискиот фудбал со три гостински победи од по минимум 5 постигнати гола. Синиќа го потопија Шефилд со 0:6, а веќе во 39 минута на семафорот стоеше 0:5. Сите 6 гола ги постигнаа различни стрелци, а меѓу нив има и еден на Шефилд кој им ја сокри топката на топџиите.

Хет-трикот на Кавани за 16 минути кој ја распали Бомбонера

Бока Јуниорс во 8. коло од аргентинската лига со 3-2 го совлада Белграно. Сите три гола за домаќинот ги постигна легендарниот Уругваец Единсон Кавани на кого навивачите на Бока одамна чекаа да блесне. Кавани стрелаше прецизно во 63-та минута од пенал, во 73-та и во 79-та минута.

Тиери Анри го испофали Симоне Инѕаги како тренер

Легендарниот напаѓач на Арсенал доби прашање од кој тренер е воодушевен како работи тактички, а тој го издвои Инѕаги кој го следи уште од времето на Лацио. Го објасни неговиот систем на игра 3-5-2 и му се допаѓа тоа што игра со двајца напаѓачи. Проблем е како се сретнеш со него во Куп, а тоа го осети на своја кожа и Манчестер Сити во финалето од ЛШ, вели Анри.

Навивачите на Шефилд после 15 минути го напуштаа стадионот

Арсенал игра во страшна форма а „топџиите“ тоа го покажаа и на гостувањето кај Шефилд Јунајтед кого го декласираа со 0-6. Ова е седма победа по ред за Арсенал во Премиер лига а на тие седум меча постигнале дури 31 гол! Првпат во историјата на најдобриот англиски фудбал една екипа да добие три гостински меча со +5 гола разлика.

Лилард - сам против цел ЛА Клиперс

Во дербито на вечерта, Милвоки Бакс на домашен паркет го совладаа ЛА Клиперс 113:106 а јунак на вечерта беше една од многуте суперѕвезди на паркетот Дамијан Лилард.

Навивачите на Шкендија „го погребаа“ Вардар

Вардар го загуби дербито на колото од Шкендија со 3:0 и се со соочи со скандалозно однесување на домашните навивачи кои симулираа погреб за црвено црните, ставајќи ги во ковчег кој заврши во пеколот.

Пандев во составот на Интер за натпревар во Грузија

По пауза од 12 години, македонската фудбалска легенда повторно ќе го облече дресот со кој ја испиша историјата под водство на Мурињо.