Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

УЕФА потврди, од септември нов изглед на Лига на шампиони

Европската фудбалска унија (УЕФА) и официјално го потврди новиот формат на своите три клупски натпреварувања - Лига на шампиони, Лига Европа и Лига Конференции со старт од новата сезона 2024/2025. Веќе нема да има групи, односно ќе има само една табела во Лига на шампиони и секој тим ќе игра осум натпревари во новата лигашка фаза.

Бобан Бабунски за уништениот мундијалски сон од страна на Вардар

„Сите изгубивме. Да отидев ќе бев единствениот претставник на македонскиот фудбал на вакво големо натпреварување. Вардар не ме пушти поради одредени интереси“.

Триесет секунди од сјај до очај на Белингем

Реал Мадрид беше на прагот од голем и луд пресврт против Валенсија на „Местаља“ после 2-0 за домаќините, но главниот судија Манзано спречи триумф на „кралевите“. Џуд Белингем со нов гол, со глава во длабоко судиско продолжение ќе донесе три бода за Реал но Манзано во ист момент кога овој шутираше, свирна крај на мечот. Англискиот репрезентативец револтирано го пцуел главниот судија кој веднаш му покажа црвен картон.

Кам бек на фудбалот на Градски со еврогол на Работнички

По долга пауза од 6-7 месеци, се вратија фудбалските настани на нашето најубаво здание кое доста зорт виде со одржување. Работнички ја совлада Брегалница 2:0 во 21. коло од домашното првенство. Мечот го разубави Камерунецот Аиме Гандо на акробатски начин.

Малер на викендот

Ајнтрахт Франкфурт на гости го совлада Хајденхајм со 1-2 и се зацврсти на шестата позиција која води во еврокуповите. Гостите славеа најмногу благодарение на неверојатниот кикс на домашниот голман кој на додавање на соиграчите Бенедикт Гимбер ја утна цела топка.

Кутроне во стилот на Тоти го крена Комо на нозе во 90-та минута

Сигурно се сеќавате на Патрик Кутроне, малку подзаборавениот напаѓач на Милан, кој се проба во Премиер лигата, но Вулверхемптон го позајмуваше во Фиорентина, Валенсија и Емполи за да на крај да направи трансфер во Комо. Во важен меѓусебен дуел за местата кои водат во Серија А, му донесе триумф на својот тим на спектакуларен начин и тоа во финишот од мечот.

Од Меси е ударот, ќе ти пројде

Ако го разбравме добро шпанскиов на машкиот глас, веројатно таткото, така некако ќе му дојде објаснувањето до детето: „Ништо не ти е, ќе ти пројде, Меси беше тоа“.

Она околу потпросечната интелегенција на фудбалерите

Дербито на колото во Бразил меѓу Флуминенсе и Ботафого го добија гостите убедливо 2:4. Во финишот од мечот имаше два пенали, црвен картон, многу тензија и еден комичен настан со гостински фудбалер преку кого пробуваа да задржат време.

Инсиње со маестрален гол во негов стил

Во второто коло од новата сезона во американската МЛС лига, Торонто на гости го победи Њу Ингланд 0-1 со гол на Лоренцо Инсиње. Некогашниот италијански репрезентативец и капитен на Наполи направи ремек дело во негов стил, а голот го прослави на интересен начин.

Неверојатен 31 скок на Нуркиќ, нешто невидено во НБА 14 години

Нема насловна страница во НБА која ќе мине без некој подвиг на Балканец. Овој пат во записникот на статистичарите влезе Босанецот од Феникс со несекојдневна бројка.

Најголемото промашување на Халанд во кариерата

Норвежанецот е расен стрелец и најзаслужен за историската тројна круна минатата сезона на Манчестер Сити. Халанд е врвен шпиц и тоа е општо познато но тоа што го промаши во дербито со Манчестер Јунајтед вечерва не му се случило речиси никогаш.

Сензационалниот гол на Рашфорд на дербито Сити - Јунајтед

Градските дерби дуели секогаш се интересни од причина што колку и да е некој фаворит и во подобра форма во моментот, секогаш може да се случи нешто непредвидливо. Како попладнево на „Етихад“ каде Сити играше викторија пред голот на Манчестер Јунајтед за да во 8' минута по еден долг деганжман на Онана, Бруно му асистираше на Маркус Рашфорд кој го постигна голот на сезоната во Премиер лига досега.

Сите голови со глава на Меси во кариерата - 27 на број

Во Интер Мајами очекувано проработе стариот добар тандем Меси-Суарез, двајцата верни семејни пријатели кои уште од времето на Барселона ги малтретираа голманите. Сега во дресот на американскиот тим како ветерани ги учат другите фудбал. Во 3. коло од американскиот МЛС, Интер Мајами со 5-0 го совлада Орландо. Меси даде два гола и стигна до бројката од 500 голови во првенствен лигашки фудбал.

Акробација со мераклиски финиш во мрежата на Челси

Брентфорд и Челси одиграа 2:2, а голот на мечот и колото во Премиер лига го има Јоан Виса кој ептен си го направи ќеифот во 69-та минута.

Мега средба во НБА: Јокиќ, Дивац и Ѓоковиќ

Три српски легенди се собраа на едно место и направија клип кој многу тежи. Никола Јокиќ, Новак Ѓоковиќ и Владе Дивац. Се работи за меч во Лос Анџелес на кој Леброн Џејмс стана прв играч во историјата на НБА со 40.000 поени, но забавата му ја расипа се знае кој, Јокиќ со 35 поени и 10 скока, како и победа од 124:114. Новак го прекина интервјуто за да се поздрави со својот сонародник.

Ван Дајк зема телефон од навивач да ја сними прославата

Ливерпул со гол на Дарвин Нуњез дури во 90+8' минута во последните секунди од мечот го совлада Нотингем Форест на гости со 0-1. Ова беше дури 18-ти пат Ливерпул под водство на Јирген Клоп да слави со гол во длабоко судиско продолжение. Црвените со овој триумф и натаму се први во Премиер лига. Прославата на голот на Уругваецот ја сними Ван Дајк со телефон на навивач.

Мајами шоу во режија на Меси и Суарез како двојни стрелци

Добро му тргна на стариот многу добро познат танде од Камп Ноу. Во 3. коло од МЛС, Интер Мајами го декласираше Орландо 5:0. Меси даде два гола, а Суарез два гола и две асистенции. Меѓу стрелците се запиша и Тејлор.

Што сè се случуваше на дербито Валенсија - Реал Мадрид?

Дербито Валенсија - Реал Мадрид (2:2) одиграно во саботата вечер на „Местаља“ дефинитивно е најлуд натпревар досега сезонава во шпанска Ла Лига. Имаше сè и сешто, па и спорна одлука каква одамна што не се памети.

Скандалозен крај на Местаља, Белингем даде гол, судијата свирна крај

Валенсија и Реал Мадрид одиграа натпревар со ретко виден финиш во фудбалот. При резултат 2:2, во 99 минута, гостите преку Белингем постигнаа гол за победа, но судијата го поништи со образложение дека е крај на мечот.

Една песна јас да засвирам

Со мечот за Суперкупот на Литванија меѓу Паневежис и ТрансИнвест кој завршил 0-0 па на пенали славеле првиве 5-4, започнала фудбалската сезона во оваа земја. На трибините еден симпатичен човек си дошол со својот омилен инструмент - хармоника.

Трите црвени картони за Лацио со Милан

Со голот на резервистот Ноа Окафор во 88' минута, Милан го победи Лацио на гости 0:1 во меч кој ќе се памети поради еден куп нефудбалски епизоди на теренот.

Мбапе си прави што сака

ПСЖ има голема бодовна предност во Лига 1 и е на добар пат да освои нова шампионска титула. Но тоа е во втор план затоа што Килијан Мбапе наводно летово си оди од клубот кој никако не може да го прежали 25-годишниот расен голгетер.

Роберт Просинечки - легендарен, маестрален, искрен, духовит, забавен, интересен

Во идеалниот тим со кои настапувал во кариерата, на клупа ги стави Пикси, Панчев, Шукер, Луис Енрике, Гвардиола, Хуго Санчез, Бутрагењо. Тогаш замислете кои му се во прв тим? Тој пак се наоѓа во најјакиот тим од 11 играчи против кој настапувал во кариерата Марадона.

Петр Чех за темницата кога изгубил сеќавање

Со сигурност еден од најдобрите голман ина сите времиња, Петр Чех, чешкиот див кој освои четири шампионски титули во Премиер лига, 4 ФА Купа, три Лига Купа и по 1 пехар во Лига на шампиони, Супер Куп на УЕФА, Европа Лига и Светско клупско првенство, во еден момент од кариерата имаше среќа што остана жив после страшен дуел со противнички играч.