А што да му правам кога е толку висок?

Во холандската Ередивизија има уште едно коло до крајот. Ексцелзиор се бори со РКЦ Валвајк за опстанок. Обете екипи имаат по 29 бода а во последно коло Ексцелзиор му гостува на Феенорд кој е од нивниот град Ротердам, а РКЦ Валвајк ќе оди кај шампионот ПСВ Ајндховен. Тренер на Ексцелзиор е 198 сантиметри високиот џин Маринус Дијкхујзен. Кога го интервјуираат од ЕСПН, водителката се качува на куфер за опремата.

Во најдобрата холандска лига Ередивизие, веќе се знаат некои работи. Шампион е ПСВ Ајндховен кој веќе бурно ја прослави титулата со своите навивачи на градскиот плоштад. Феенорд е втор, Твенте и АЗ Алкмар се трети и четврти а Ајакс е пет и останува без еврокупови.

13 мај 2024 - 12:36