Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Како Лесор го скрши обрачот на Реал Мадрид

Панатинаикос игра одлична сезона под водство на новиот тренер Ергин Атаман (17-10). Синоќа со 87-96 го совладаа Реал во Мадрид и му го нанесоа првиот пораз на негов терен сезонава. Матијас Лесор со 26 поени, седум скока и четири асистенции беше МВП на мечот. Кендрик Нан додаде 17 поени со 7 асистенции а Костас Слукас додаде 16 поени со шест асистенции.

На обезбедувачот на Меси мува не може да му пројде

Не за џабе Лионел го плаќа овој поранешен маринец и специјалец 3,5 милиони долари годишно. Не можеш да пријдеш до Аргентинецот без овој ѕвер да те свитка ко клопче, па ако евентуално добие дозвола од Лео, ќе имаш среќа да се сликате.

Судија се поништува ли ваков спектакуларен гол?

Спортинг Лисабон ја совлада Бенфика со 2-1 во големото португалско дерби, во првиот меч од полуфиналето на португалскиот Куп. Во самиот финиш од мечот, во судиско продолжение главниот судија поради очигледен офсајд поништи страшен еврогол на Нуњо Сантос.

Соло мајсторија на Кристјансон за победа против Барселона пред звукот на сирената

Ако некој подзаборавил кој беше МВП на ланското финале од ЛШ во Келн нека го види финишот од дерби пресметката меѓу актуелниот првак на Европа, Магдебург и европскиот првак од 2022-ра, Барселона. Готов беше мечот да заврши без победник бидејќи истекуваа последните секунди, но феноменалниот Гисли Кристјансон ја презеде одговорноста и го торпедираше Де Варгас за победа и делирум во салата. Барселона и Магдебург се на прва и втора позиција во група со идентичен скор од 11 победи и 2 порази.

Баскиски сеир на сметка на Чоло Симеоне

По триумфот 0-1 среде Мадрид, Атлетик Билбао синоќа на домашен терен го декласираше Атлетико Мадрид во реваншот од полуфиналето на Куп на Кралот и се пласираше во големото финале каде ќе игра против најголемото изненадување Мајорка. Браќата Ињаки и Нико Вилијамс ги постигнаа првите два гола а побеадта ја запечати Горка Гурузуета. Пред крајот од мечот цел стадион во Билбао му скандираше на Диего Симеоне: „Нека скока сега Симеоне“ (Que bote Simeone).

Се тресеа сводови во Арена од овации за Жељко Обрадовиќ

По долгата пауза се врати кошаркарската Евролига. Партизан со убедливи 100-90 го совлада турскиот гигант Анадолу Ефес. Прв стрелец во триумфот беше Алекса Аврамовиќ со 30 поени а кај гостите Вил Клајбрн со 17 поени и 4 скока. Мечот го одбележи неверојатниот прием на Жељеко од страна на навивачите.

Цепелин на Целје кој Митревски го скроти со блескава одбрана

38-те години на голманот на Македонија се само бројка во неговата лична карта. Рефлексот му работи како да е 10 години помлад. Порто го совлада Целје во ЛШ 32:30, а Митревски беше феноменален со 14 интервенции од кои една инспиративна и за ЕХФ.

Стеф Кари го торпедира Њујорк Никс со 8 тројки

Голден Стејт Вориорс на крилјата на Стеф Кари ја запиша и седмата гостинска победа по ред во НБА лигата. Ова е и 31. триумф на тимот на Стив Кер.

Студенти во САД со воздишки за потегот на Новак

Еден од тренинзите пред стартот на Индијан Велс кој ќе се одржи во периодот 6-17 март, Ѓоковиќ го одржа на универзитет во САД. Се собра голема бројка на студенти кои имаа привилегија да го гледаат во живо и да се сликаат со него. Им приреди и една атракција.

Интер е во страшна серија од 11:0 на +12 од Јувентус и е најефикасен тим во Европа

Ланскиот финалист на Лига шампиони игра како во транс. Во 2024-та е неприкосновен и непобедлив против секого и во секое натпреварување. Од септември немаат пораз во Серија А.

Чуден гол во Црна Гора, се крева голема врема за местенка

Во црногорската прва лига се одиграа 22 кола а за титулата се борат Дечиќ кој е прв со 42 бода, Будуќност Подгорица која е втора со 40 бода и Морнар на трето место кој е трет со 34 бода. Но големи сомнежи предизвика мечот меѓу Младост и Дечиќ кој завршил 0:3 затоа што првиот гол на гостите паднал после евидентна ескиважа од домашниот стопер Звонко Цеклиќ.

Лука мајсторе, од каде ваквите идеи во напад?

Далас Маверикс веднаш им се врати на победите после поразот од Кливленд со шут од пола терен и повеќе. Дончиќ на средбата со Торонто Репторс запиша нов трипл дабл, 11-ти сезонава, а атрактивните потези веќе не може да му пофатиме, како и оние на Јокиќ. Кој очекуваше дека вака ќе ја подаде?

Осимен прво им ја скина мрежата па им ја крпеше

Просто никому не му беше јасно како е можно шампионот Наполи од толку доминантна сезона лани, оваа да игра крајно очајно. Се мачеа со тренерот Руди Гарсија, уште послаби беа со неговата замена Валтер Мацари, а конечно како да ги подоправи новиот тренер Франческо Калцона, инаку селектор на Словачка.

Ракета од Боро во романска лига

Во 28. коло од романската Суперлига, Рапид Букурешт со 4-1 го совладал Арад и со 51 бод е на второ место. За првпат после којзнае колку време двата најголеми романски клубови Стеауа Букурешт (58 бода) и Рапид Букурешт (51 бод) се на првите две места во романската лига. Последниот гол за Рапид синоќа бил еврогол од 21-годишниот центарфор Борисав Бурмаз од слободен удар.

18 годишен Швеѓанец ја прими на своја половина и направи дар мар по цел терен

Разни клинци хараат низ фудбалските терени низ Европа, со многу талент во себе, кои може да направат големи нешта и за кои допрва ќе слушаме. Еден од нив е Лукас Баривал од Ѓургарден, роден 2006-та кој минатиот месец дебитираше за селекцијата на Шведска. Погледнете го што направи на последниот меч за својот тим со кој се разделува на лето. Следната сезона ќе го гледаме во Премиер лига во дресот на Тотенхем.

Роденденска доминација на Лука Дончиќ

На денот на својот 25-ти роденден, големиот ас го водеше Далас Маверикс до триумф на мечот против Торонто Репторс 136:125.

За гол на месецот во Шпанија треба ли да има дилеми после оваа бомба?

Дарвин Мачис од Венецуела е лево крило со катапулт во десната нога кој на својот Кадиз му донесе бод на дуелот против Селта со целосно изненадувачки удар и тоа во 100-та минута.

Никола Јокиќ е чудо - четврти трипл-дабл по ред

Кошаркарите на НБА шампионот Денвер Нагетс синоќа во Колорадо на свој паркет го совладаа Сакраменто Кингс 117:96 со уште еден трипл-дабл учинок на Јокиќ.

Кога на Лука ќе му дадеш баскет, а тој со влечки како по дома

Излишно е веќе што и да кажеме. Будали се и он и Кари.

Неповторливата голманска легенда на Баерн кој направи ненадминлив потег во игра еден на еден

Кога се отвора малку постар ретро муабет за германски фудбал се почнува со Франц Бекенбауер, на кој се надоврзува Герд Милер, а во пакет со нив двајца оди Зеп Мајер. И тоа е трио, како една задолжителна лекција која треба, односно мора да се знае.

Роналдо доби казна во Арабија за гестот и се правда

Дисциплинскиот комитет и комитетот по етика на Фудбалската федерација на Саудијска Арабија го суспендирале Кристијано Роналдо на два меча поради простачкиот вулгарен гест кој им го упати на навивачите на Ал Шабаб додека му го скандираа името на Меси. Кристијано е казнет и финансиски, а ќе ги пропушти следните два меча на Ал Наср со Ал Хамза и Ал Раед.

Малериште на колото поради проклет пенал во 94-та минута

Го фатил финалето од Лига Куп икс, ПСЖ икс 4.55 коефициент, ама и Караорман - Охрид Лихнидос, втора македонска лига. Ако е животов фер, од Загреб нека му пратат 509.062 денари.

Кога Рој Кин ќе го тепал малиот Руни

Во еден сјаен подкаст Stick to Football (Држи се до фудбал), домаќини се Гери Невил, Џејми Карагер, Рој Кин, Џил Скот и понекогаш Јан Рајт. Последен гостин им бил Вејн Руни кој раскажал разни анегдоти од кариерата.

Чаби Алонсо, Чави, Шави Алонсо или Хаби Алонсо - како е правилно?

Ова не е текст за тоа како би требало или не би требало да го викаме тренерот на Баер Леверкузен, туку текст за лингвистичките особености на шпанскиот, баскискиот и каталонскиот јазик.