Со 35 поени, седум скока, седум асистенции и три украдени топки, Никола Јокиќ одигра феноменален меч и покажа зошто е трикратен МВП на НБА.
Јокиќ остана без постигнат поен во третата четвртина зошто беше на клупата поради четири лични грешки, но ги одигра сите 12 минути во последниот период кога растури со 16 од вкупно 35 поени.
За разлика од првите два, па и три меча, Јокиќ конечно имаше поддршка од своите соиграчи. Ерон Гордон како конечно да се навикна на Минесота, па уфрли 27 поени од кои 11/12 од игра. Мареј додаде 19 поени, Браун 11 а Холидеј 10 поени.
JOKIC DIME.
— NBA (@NBA) May 13, 2024
JOKIC DUNK.#KiaMVP IN #PLAYOFFMODE ON TNT 🔥 pic.twitter.com/zex1KXjPbn
Пред крајот на првиот дел, Денвер имаше луди акции и неверојатен кош на Џамал Мареј од преку пола терен:
Launched it from Canada. 🏹🏹🏹 https://t.co/qSscgcIXzC pic.twitter.com/CnUgXYttwo
— NBA (@NBA) May 13, 2024
WHAT A SEQUENCE. WHAT A SHOT. THAT'S JUST JAMAL MURRAY. pic.twitter.com/9urX9myNt8
— Denver Nuggets (@nuggets) May 13, 2024
Ентони Едвардс одново правеше лом кај Минесота и постигна страшни 44 поени со по пет скока и пет асистенции.
Денвер Нагетс со овој триумф се враќа во Колорадо на свој паркет, пред своите навивачи во мечот кој се игра во вторник кон среда во 4:30 после полноќ.
Имено само 5 тима во долгата историја на НБА успеале да се вратат и направат пресврт после негатива од 2 порази на домашен терен. Денвер Нагетс би можел да стане шести тим. Тоа им успеало на ЛА Лејкерс против Сан Франциско Вориорс (1969), на Хјустон Рокетс против Феникс Санс (1994), на Далас Маверикс против Хјустон Рокетс (2005), на Бостон Селтикс против Чикаго Булс (2017) и на ЛА Клиперс против Далас Маверикс (2021)