Најдобрите македонски ракометари само ќе го продолжат континуитетот настапи на најголемите настани, по патот кој го трасираа нивните претходници. Сега со нова историска партија осигураа пласман на Светско првенство 2025 кое ќе се игра во три земји: Данска, Шведска и Хрватска од 14-ти јануари до 2-ри февруари.
Сега Македонија ја чека ждрепката за Мундијалот 2025 која ќе се влече во Загреб на 29-ти мај во 17:30 часот.
Тогаш Македонија ќе ги дознае противниците, ќе дознае во која група ќе биде и на кое место ќе игра. Македонската јавност секако има огромна желба ракометарите да паднат во група во хрватските Загреб, Пореч или Вараждин каде многу пати гостувале досега.
Светското ќе се игра во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин.
Шешири пред ждрепката за СП 2025 (една од селекциите во секоја група ќе падне во група со Македонија, освен од шешир 3 каде што сме ние):
Шешир 1:
Германија, Египет, Унгарија, Данска, Франција, Шведска, Словенија, Португалија
Шешир 2:
Норвешка, Холандија, Шпанија, Хрватска, Австрија, Исланд, Италија, Чешка
Шешир 3:
Македонија, Аргентина, Јапонија, Алжир, Катар, Бразил, Куба, Полска
Шешир 4:
Кувајт, Зеленортски Острови, Гвинеја, Бахреин, Тунис, Чиле, Соединетите Американски Држави, вајлд-карта.
Фарски Острови се изгубија во Борис Трајковски, Македонија оди на Светско
Последната акција на Македонија и голот на Пешевски со кој го потврди Светското