Хесус Навас - легендата и капитен на Севиља заминува после 17 сезони

Легендарниот Хесус Навас за Севиља е она што е Хоакин за градскиот ривал Бетис - права вистинска легенда. Севиља објави дека Навас по крајот на сезоната заминува од клубот во кој помина 17 сезони во два мандати (беше четири сезони во Манчестер Сити) и одигра 688 натпревари. Освои 8 пехари од кои 4 во Лига Европа и 2 во шпанскиот кралски Куп со што е најтрофејниот играч и фудбалер со најмногу настапи за Севиља.

Севиља до крајот на сезоната ја очекуваат два натпревари: против Атлетик Билбао на гости и против Барселона дома на 25-ти мај кога Навас и официјално ќе се прости од своите навивачи.

Во својата кариера Навас освои Светско првенство, Европско првенство и Лига на Нации по што е единствен на светот. Тој за својата Севиља дебитирал во ноември 2003-та на „Монтжуик“ против Еспањол кога од клупата го заменил Пако Гаљардо. За Андалузијците во својата кариера постигнал 39 гола и имал 119 асистенции.

16 мај 2024 - 15:05