Тренерот на Тотенхем дрзок со еден навивач на Тотенхем

Иако на почеток на сезоната делуваше дека грчкиот Австралиец Ангелос Енџ Постекоглу ги склопи коцките во Тотенхем, сепак Спарс врзаа долга серија лоши резултати, претрпеа неколку порази и на крајот по сè изгледа ќе се задоволат само со пласман во Лига Европа. На дербито со Манчестер Сити (0:2) навивачите на Тотенхем иронично навивале за Сити и ги прославувале головите на противникот со цел нивниот омразен ривал Арсенал да не ја освои титулата.

Во претпоследното коло од Премиер лигата, Манчестер Сити на гости со 0-2 го совлада Тотенхем, му нанесе уште еден пораз и „граѓаните“ се приближија до титулата. Ги чека уште едно, последно коло дома против Вест Хем.

Тренерот на Тотенхем во нервоза во еден момент од мечот со Сити се свртел зад својата клупа и му се пуштил на некој навивач кој иронично дофрлал. „Што кажа?! Што кажа претходно? Само да знаеш дека знам кој си. Те видов. Знам кој си“, луто му викал Постекоглу на навивачот кој наводно им викал да го изгубат мечот намерно.

Навивачите на Тотенхем саркастично ги прашувале и ривалите од Арсенал дали гледаат?

Интересно Манчестер Сити забележа 4 гостински победи по ред без примен гол, што не им се случило никогаш откако се во прва лига. 0:4 со Брајтон, 0:2 со Нотингем Форест, 0:4 со Фулам и 0:2 со Тотенхем. Сега Сити е на добар пат да ја освои четвртата титула по ред во Премиер лига. 

15 мај 2024 - 12:07