Заостанатиот натпревар меѓу Тотенхем и Манчестер Сити кој со 2 гола го реши Халанд, ги појасни работите во неизвесната завршница во Премиер лигата.
Овој натпревар во живо го следеше целиот тим на Астон Вила, заедно со нивните гости на вечера која беше организирана по повод најдобрите во сопствениот табор.
По последниот свиреж следуваше големо славје и пукање шампањско, бидејќи Астон Вила како четвртопласирана и математички е во ЛШ.
На едно коло до крај има +5 пред Тотенхем и во елитата ќе учествува заедно со Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.
Прославата е голема и затоа што овој тим 41 не заиграл во Лига на шампиони. Имаат и една титула европски првак, а тоа е една сезона претходно 1981/1982.
Во недела од 17 часот се игра последното коло во Премиер лигата и очите ќе бидат вперени кон Манчестер Сити. Има +2 пред Арсенал и игра дома со Вест Хем, а топџиите го пречекуваат Евертон.
🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾🍾 pic.twitter.com/br40FviYYy
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 14, 2024
What a moment. 💜#UCL // @ChampionsLeague pic.twitter.com/jCZzjdCbin
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 14, 2024
Unai Emery: "It's a very special day.
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 14, 2024
"It's our dream, we started the season to be here." pic.twitter.com/2oy1m9kCCU
The @ChampionsLeague awaits. 😍
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 15, 202
Астон Вила во Лига на шампиони после 41 година - какво чудо створи Унаи Емери