Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Два пати да заработиш оле од цел стадион

Виљареал со 3-0 го совлада Рајо Ваљекано а два нови гола даде Александер Сорлот кој стигна до бројката од 17 погодоци колку што има и Џуд Белингем, двајцата два помалку од лидерот Артем Довбик. Потегот на мечот го имаше левото крило на Виљареал и шпанската фудбалска репрезентација Алекс Баена.

Заслужен црвен картон за детето што собира топки

Малиот што го ангажирале да собира топки на мечот Сент Мирен - Глазгов Ренџерс е скаран е и со културата и со берберот. Само Ел Шарави му прави муабет.

Како за 60 секунди да станеш херој на најголемо дерби?

Виктор Ѓекереш е најинтересниот фудбалер од сенка во најдобрите Топ лиги во Европа сезонава. Унгарецот кој игра за репрезентацијата на Шведска го води Спортинг Лисабон кон нова титула во домашното првенство. 

ПСЖ стана шампион на Франција, може ли да освои историски квадрипул сезонава?

Фудбалерите на ПСЖ ја продолжија хегемонијата во француската Лига 1 откако синоќа со освоен бод на домашен терен против Ле Авр (3:3) во 90+5’ минута и теоретски ја заверија титулата во што им помогна и Лион со триумф над Монако.

Провокативен гест на Дамфрис кон Тео Хернандез за време на прославата на титулата

Дензел Дамфрис и Тео Хернандез се вратија за врат на последното градско дерби и добија црвени картони. Навивачите на Интер го продолжија тоа кошкање и го измонтираа ликот на Тео како да е куче, малтретирано од Дамфрис. Па уште и му ја дадоа фотографијата да ја мавта на автобус.

Бурна прослава на скудетото на Интер на Дуомо

Интер ја освои шампионската титула во Серија А на убедлив начин. На 4 кола пред крајот нераѕурите освоија 89 бода и имаат дури 19 повеќе од првиот конкурент Милан кој има 70. Синоќа играчите и навивачите го прославиле скудетото.

Судија донеси земја и гребло, не бива ова

Комедијата на колото ни доаѓа од втората германска лига на мечот меѓу Вехен Визбаден и Гројтер Фирт. Дупка им се појави покрај аут линија, па фатија да ја крпат.

Ново страшно забивање на Ентони Едвардс

Минесота Тимбервулфс е првиот полуфиналист на Западот откако го исфрли Феникс Санс со 4:0. Ентони Едвардс имаше фантастичен перформанс со 40 поени, 9 скока и 6 асистенции. Погледнете му ја играва еден на еден на 2 минути до крај. Не се чува овој човек.

Тензии во Солун на дербито ПАОК - АЕК

ПАОК и АЕК одиграа лудо дерби кое после голем пресврт го добија домаќините 3:2 со голови во 81-ва и 90-та минута. Гостинскиот тренер Матијас Алмеида после мечот буквално за врат давеше службено полициско лице задолжено за безбедност. Едвај го смирија. АЕК и натаму е прв на табела во грчката Суперлига со 75 бода, а ПАОК и Панатинаикос имаат по 71 на две гола пред крајот.

Јако пиротехничко шоу на навивачите на Лион

Олимпик Лион на импресивен начин ја извади сезонава. Откако долго време беа приковани на самото дно и едно време сериозно можеа да останат во борбата за опстанок во лигата, со тренерска смена успеаја некако да се вратат во игра и сега се во горниот дел на табелата. Има Лион и финале на Куп со ПСЖ а до крајот од сезоната ги чекаат уште четири кола за уште повисок пласман.

Пораз на Далас откако го направи еден од најјаките пресврти во НБА

Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс одиграа супер интересен натпревар кој од дебакл, се претвори во пеколно неизвесен благодарение на лудото враќање на Маверикс од неверојатни -31.

Проектил на Барди кој не се брани

Трабзонспор го доби Газијантеп со 4:2 и тоа после голем пресврт во вториот дел. Гостите на полувреме имаа 0:2, но примија 4 комада за само 18 минути. Онуачу постигна хет-трик, а Енис Барди со прекрасен удар го матираше голманот кој немаше шанси.

Поен по кој ќе ја засакате одбојката

Перуџа и Монца играат финале и се борат за Скудето. Тоа е сè што треба да знаете пред да ја погледнете оваа борба и игра на нерви.

Што има ново кај Баер Леверкузен?

Едно коло ако не повнимава човек на Бундеслигата може да пропушти нова перверзија од неверојатниот Чаби Алонсо и негови пулени кои се печени за Нетфликс.

Роберто Баџо се спрема за Наркос 4 сезона

Нема човек кој следи фудбал последниве 30 години, а да не знае кој е Роберто Баџо, симбол на италијанскиот фудбал, според некои најголем играч во историјата на оваа земја.

Топка со очи на Бускетс, два гола на Меси, мајсторија на Суарез

Нов натпревар на Интер Мајами, ново шоу на ѕвездите од Барселона кои привлекоа 65.000 гледачи на гостувањето против Њу Ингланд во Масачусетс, што е рекорд за овој стадион.

Голман од Либан се пријави на конкурс за одбрана на векот

Ниту го знаеме името на голманот, ниту на клубот, само знаеме дека се работи за Куп натпревар во Либан. Рене Игита да ја види оваа луда храброст, која потсеќа само на неговата епска одбрана со две нозе.

Уникатна асистенција произлезена од интелигенцијата на Јокиќ

Изгледаше дека само трча во празно и нема појма каде е топката.

Рики цар

Динамо Загреб води грчевита битка за титулата со Ријека, а следниот викенд, на 5 мај им одат на гости и тоа веројатно ќе биде клучен меч. Ова коло го совладаа Вараждин, а аплаузите ги собра Стефан Ристовски со гест во негов стил.

Црногорски фудбал пуштен на најјако: Голман со бокс му влезе на соиграч

Фудбалот на Балканот отсекогаш имал потенцијал за создавање на нестварни сцени, а инаку и од што би живеела Фејсбук страна „Seoski fudbal“. Будуќност и Сутјеска одиграа 2:2 во најголемото црногорско дерби, а потоа играчите на Будуќност биле на отчет кај навивачите кои побарале да ги соблечат дресовите. Понатаму не е јасно.

Убедлив трипл дабл на Јокиќ, недоволен за елиминација на Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс конечно ја прекина серијата од 11 последователни порази од Денвер, како и метлата која им се закануваше. Намалија на 3:1.

Топ 10 НБА потези на вечерта

Минесота - Феникс 3:0, Далас - Клиперси 2:1 и Милвоки - Индијана 2:1 се трите плејоф средби од синоќа и од кои е составен најновиот збир на најатрактивни потези. Уживајте.

Кај мене дома нема да ти пројде тоа

Од третата пресметка меѓу Далас и Клиперси која ја добија домаќините, го издвојуваме најјакиот потег и еден од најатрактивните на досегашните плејоф битки. Пол Џорџ vs Даниел Гафорд. Фантастично.