По триумфот против младиот Норвежанец Холгер Руне од 3:0 во сетови, Новак Ѓоковиќ прво од теренот на микрофон се заблагодари на мнозинството од публиката и кажа дека тој и колегите играат тенис најмногу поради публиката која доаѓа, ги цени, ги гледа, плаќа карти за натпреварите и ги поддржува секој на свој начин.
Но за делот од публиката која со години го провоцира, му дофрла и довикува, имаше ироничен излез од учтивоста и им викна: „Добрааааааааа ноќ“.
Ова предизвика бурни реакции во медиумите.
Што би му рекле вие на Новак за таквата реакција, го прашува Клер Болдин гостинот Мекинро? - „Браво“!, како од пушка одговорил Американецот (65) и продолжил:
„Тој се бори со ова (со букање и свиркање) цела своја кариера. Да, тој се храни од негативната енергија и да и јас сум се хранел на времето, но секако го мразам тој начин. Дали сакаш луѓето да урлаат против тебе, да сакаат да изгубиш, само затоа што си толку добар, па навиваат за другиот тип без никаква причина туку само зошто ти си толку добар?
Тој (Новак) е како Дарт Вејдер. Има две најголеми класи што сме ги виделе во тенисот, Рафаел Надал и Роџер Федерер, па кој може да се мери со нив? Никој! А тогаш овој Ѓоковиќ доаѓа и им упаѓа на забавата. Како да го почитувате после ова? Он е човек кој поднесе најмногу поради тоа и затоа би рекол дека е најдобар на сите времиња“.
Водителката Клер Балдинг: „И да освои повеќе Гренд Слемови од нив“...
„Точно... Така што „А да ме почитувате малку повеќе после сево ова“? Мислете на тоа... Овде има лик кој беше на операција пред месец дена. Шансите дека ќе игра на турниров беа 10 или 20%. Тој помисли: „Јас го помагам турниров“. И така е. „Зошто не добијам малку љубов кога играм против играч кој е 15-ти на светот?“ Кој не направил баш ништо во спроедба со него. Да, можеби имало Данци кои викале: „Руне, Руне“! и сфаќам дека луѓето сакаат да гледаат добар меч.
Сите сакаме да гледаме добар меч. Но мора да ја почитуваш величината што ја гледаш. Лесно е да се биде совозач и терај. Но ова е нешто со што тој се соочува 10, 15, 20 години, луѓето му го прават ова. Му симнувам капа што имаше „мадиња“ да го каже тоа тука. Тоа значи нешто. Тоа сигурно на некој начин ќе донесе многу луѓе против него. Тој не го заслужува тоа во оваа фаза (пред крајот). Потребен ни е и тој е толку предобар во нашава игра според мене“, заклучи Џон Мекинро.
John McEnroe schools Clare Balding on Novak Djokovic calling out the booing against him at Wimbledon (and throughout his career).
— James Melville 🚜 (@JamesMelville) July 9, 2024
Clare Balding: “What would you say to him now?”
John McEnroe: “Well done.” pic.twitter.com/UQDYVRvbpL
John McEnroe defends Novak Djokovic after his statement to the crowd at Wimbledon, ‘There’s 2 of the greatest class acts we’ve seen in tennis, Roger Federer & Rafa Nadal… who can compare to them in terms of the way people love them? Nobody… This is what he’s been dealing with… pic.twitter.com/BYd4afbYZN
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) July 9, 2024
Novak Djokovic has come under fire in recent days after that post-match interview 🔥
— Tennishead (@tennishead) July 10, 2024
However, John McEnroe has jumped to defence of the 24-time major winner, labelling Djokovic as ‘the greatest that’s ever played’…https://t.co/C7unKdLbuz