„Како што кажав и после мечот, се заблагодарив на мнозинството навивачи на стадионот и знам дека после долго гледање тенис цел ден не е лесно да останете. Благодарен сум им. Тие се една од причините поради кои и натаму сум овде и играм, публика која навистина ги цени играчите и напорите кои ги имаме, тие не поддржуваат и го знам тоа. Но кога публиката ќе премине црвена линија тогаш реагирам, не се каам поради своите зборови или постапки на теренот“, му одговорил Новак на новинарот.
Ама овој запна и по трет пат му постави исто прашање поврзано со моментот после мечот со Руне.
„Имате ли некое друго прашање освен за публиката? Фокусирани сте само на тоа или постои и нешто друго околу мечот, играта?“, го прашал Ѓоковиќ и набрзо го напуштил интервјуто после помалку од една минута.
Novak Djokovic walked out of his interview with BBC in 98 seconds
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) July 9, 2024
Every question was focused on the crowd last night in the Rune match
“Do you have any other questions other than the crowd? Are you focused only on that? This is the 3rd question.”
pic.twitter.com/1ZM4kirPDL
Подоцна во текот на денот се сретнал со големата НБА ѕвезда Расел Вестбрук
Who better to welcome @russwest44 to SW19, than @DjokerNole 🏀🎾#Wimbledon pic.twitter.com/3f0jj7JgNM
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2024
Новак со сјајно интервју и врвни фотографии на Вог
Џон Мекинро во одбрана на Ѓоковиќ: „Имавте две светски класи, тој дојде и им упадна на забавата“