Кои сè рекорди ги урна малиот Ламин Јамал?

Најголемата сензација на Европското првенство, малиот Ламин Јамал кој има 16 години и за некој ден ќе наполни 17, против Франција во полуфинале постигна луд гол од далечина за израмнување и помогна Шпанија да влезе во финале.

Со само 16 години и 362 Ламин стана најмладиот стрелец на гол во историјата на Светските и Европските првенства. Го надмина дури и вечниот Пеле!

Славниот Бразилец постигна гол на својот прв голем турнир на 17 години и 239 дена што е за речиси година дена поголема возраст од моментот кога Ламин ја воодушеви цела Европа.

Претходно рекордер на Европско првенство бил Швајцарецот Јохан Фонлантен кој постигна погодок на 18 години и 141 ден.

КОИ РЕКОРДИ ГИ ДРЖИ 16-ГОДИШНИОТ ЛАМИН ЈАМАЛ?

- Најмлад играч на Барселона во младинска Лига на шампиони (15 години и 45 дена)
- Најмлад дебитант на Барселона во Ла Лига (15 години и 219 дена)
- Најмлад шампион со титула во историјата на Ла Лига (15 години и 309 дена)
- Најмлад стартер во прв тим на Барса (16 години и 38 дена)
- Најмлад дебитант и најмлад стрелец на гол за репрезентацијата на Шпанија во историјата на репрезентацијата на Шпанија (16 години и 57 дена)
- Најмлад асистент за гол во Ла Лига во XXI век (16 години и 45 дена)
- Најмлад потписник на професионален договор со Барселона. Откупната клаузула му е 1 милијарда евра (16 години и 81 ден)
- Најмлад стартер во прв тим во Лига на шампиони (16 години и 83 дена)
- Најмлад асистент за гол во историјата на модерната Лига на шампиони (16 години и 153 дена, на гости со Антверпен)
- Најмлад стрелец на гол во Ла Лига (16 години и 87 дена)
- Најмлад играч со 50 настапи за Барселона (16 години и 311 дена, на гости со Рајо Ваљекано)
- Најмлад стрелец на гол на Европско првенство (16 години и 362 дена)
- Најмлад асистент на Европско првенство (16 години и 338 дена)
- Најмлад полуфиналист на Европско првенство/Светско првенство низ историјата (16 години и 362 дена)
- Најмлад играч кој настапил во Ел Класико (16 години и 107 дена)
- Најмлад играч кој играл од старт во Лига на шампиони (16 годинии и 18 дена)
- Најмлад играч во нокаут фаза на ЛШ (16 години и 223 дена)
- Најмлад стрелец на гол во Куп на Кралот на Шпанија (16 години и 195 дена, против Атлетик Билбао)

Доминантната Шпанија е прв финалист на Евро 2024!

Јамал дал ист гол и лани против Франција на младинско Европско У-17

Гледајте го на 12 години што им правел

Како нема да плачат неговите, па 16 години има

10 јули 2024 - 09:39