Полуфинале на ЕП2024:
ШПАНИЈА - ФРАНЦИЈА 2:1 (2:1)
/Ламин Јамал 21', Олмо 25' - Коло Муани 8'/
Французите први поведоа рано, но Шпанија направи експресен пресврт за само пет минути.
Сите три погодоци на мечот паднаа во првиот дел а еден од двата на Шпанија, оној на Ламин Јамал беше можеби најубав на цело Европско. Бисерот на Барселона заслужено на крајот од мечот ја доби наградата за играч на натпреварот.
И покрај тоа што пред стартот на Европското не ја вбројуваа меѓу првите Топ3 кандидати поради шарениот и подмладен состав, Шпанија покажа зошто е повеќекратен европски и светски шампион.
Yamal is special 💎@Vivo_GLOBAL | #EUROPOTM pic.twitter.com/bE5u7cwlm9
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 9, 2024
Со младите полетни Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Дани Олмо, Шпанците од старт на турнирот играа беспрекорно. Со гол разлика 13:3 стигнаа до големото финале а на патот до таму ги решаваа Хрватска (3:0), Италија (1:0), Албанија (1:0), Грузија (4:1), Германија (2:1) и Франција (2:1).
Шпанија во полуфиналето играше без двајца стандардни фудбалери, Дани Карвахал и Ле Норман во одбраната, но нивните замени достојно ги одменија во битката за финале.
Французите, вицешампиони од последниот Мундијал 2022 беа само бледа сенка од селекцијата која доминираше во светскиот фудбал во изминатите години. До полуфинале стигнаа со два автогола на противниците и еден погодок од пенал на Мбапе.
Селекцијата на малку познатиот селектор Луис де ла Фуенте во полуфиналниот меч играше со најмладиот и најстариот играч во полуфинале на едно Европско. Разликата во години меѓу Ламин Јамал и Хесус Навас е дури 22 години, што е уште еден куриозитет.
38 - Jesús Navas (38 years 231 days) becomes the oldest outfield player to play in a Euro+World Cup semi-final, surpassing Fritz Walter (37 years 236 days) and Gunnar Gren (37 years 236 days), who faced each other in the 1958 World Cup semi-final.
— OptaJose (@OptaJose) July 9, 2024
Experience. pic.twitter.com/9RKL932PP4
Spain are the first side in Men’s EUROs history to win six games at a single tournament and the first team to win six games in a row.
— Squawka (@Squawka) July 9, 2024
And they are one game away from a record-breaking fourth European Championship trophy. 🏆🏆🏆⏳#EURO2024 pic.twitter.com/eUu6xK4VBr
Spain are the first side in Men’s EUROs history to win six games at a single tournament and the first team to win six games in a row.
— Squawka (@Squawka) July 9, 2024
And they are one game away from a record-breaking fourth European Championship trophy. 🏆🏆🏆⏳#EURO2024 pic.twitter.com/eUu6xK4VBr
Победа на Шпанците им донесе Дани Олмо кој е нивен најефикасен играч на Европското со 3 гола и 2 асистенции досега.
Шпанија сега во финале ќе го чека подобриот од мечот Холандија - Англија (среда 21:00).