Славната Копа Америка на која играат најдобрите селекции од Јужна, Централна и Северна Америка, се игра уште од далечната 1916-та година. Најтрофејни се Аргентина и Уругвај со по 15 пехари и двете селекции сега се гладни да се осамостојат на вечната листа најтрофејни репрезентации на Копа.
Трет е Бразил со 9 трофеи, а по два пехари од Копа Америка имаат Парагвај, Чиле и Перу, а Колумбија и Боливија имаат по 1 шампионска титула од турнирот.