Offside

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.

Насловните денес на ударните шпански и француски медиуми

Вечерва од 21 се игра големиот спектакл, полуфиналето на Еуро2024 меѓу Шпанија и Франција, две фудбалски велесили. По тој повод најчитаните спортски медиуми во овие две земји, Л’Екип и Марка имаат интересни насловни страни.

Фабијан Руиз - Нетипичниот херој на Евро 2024 чија мајка работела како чистачка во Бетис само за него

Шпанија дефинитивно игра најубав фудбал на целото Европско првенство 2024. Не само поради брзите и полетни крила Нико Вилијамс и Ламин Јамал, туку и поради тоа што во средина на теренот царуваат Родри и Фабијан Руиз. Првиот го знаеме од Манчестер Сити, а вториот блесна во полн сјај на Еуро2024 со 2 гола и 2 асистенции.

Интересен поткаст со бугарската легенда Стефка Костадинова

Стефка Костадинова е славна бугарска атлетичарка која во 1996-та година освои златен медал во скок во вис на Олимписките Игри во Атланта (САД). Костадинова е двократен светски шампион и петкратен светски шампион во сала. 59-годишната Бугарка е во редот на најголемите тамошни легенди како Христо Стоичков, Георги Аспарухов, Красимир Балаков и др. Таа цели 37 години го држеше светскиот апсолутен рекорд во скок во вис со 2.09 сантиметри. Во неделата го урна младата Украинка Јарослава Махучих која скокна 2.10 и стана нова светска рекордерка.

А знаеш да ја вртиш на прст, Леброн?

Кошаркарската репрезентација на САД во никогаш посилен состав ќе оди на Олимписки Игри. Летово во Париз доаѓа тешка ескадрила која би требала да се прошета ко на екскурзија до златото. Ќе ви наброиме само некои од нив: Стеф Кари, Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кевин Дурент, Ентони Едвардс, Жоел Ембид, Девин Букер, Кавај Ленард, Џејсон Тејтум. Самиот крем-де-ла-крем на НБА. А и добро се забавуваат на тренинзи.

Хрватски репрезентативци од НБА се степале во Атина

Вечерта после поразот од Грција во финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписки Игри во Париз летово, двајцата најдобри хрватски кошаркари, НБА играчите Ивица Зубац (ЛА Клиперс) и Дарио Шариќ (Денвер Нагетс) учествувале во голема тепачка во ноќен клуб во Атина. Хрватските медиуми пренесуваат дека Шариќ во еден момент бил на земја.

Најоткачената прослава на Копа Америка ја има татко му на Луис Диаз

Колумбија пукна петарда против Панама 5:0, а во полуфинале за противник го има Уругвај. Меѓу стрелците беше и Луис Диаз. Некој успеал на време да ја сними реакцијата на татко му после голот.

Меси извини, ние сме за Колумбија

Како и Еуро 2024, така и Копа Америка 2024 стигна до самата завршница. Ќе се играат полуфинални средби и во Европа и во САД. Таму преку океанот ќе играат Аргентина - Канада и Уругвај - Колумбија. Токму Колумбијците се селекција со четврта најголема поддршка на целиот турнир во САД. Досега оваа селекција на три меча од групната фаза (против Парагвај, Костарика и Бразил) ја гледале дури 165.446 навивачи на Колумбија. Меѓу нив и една шармантна млада дама.

Патувањата на Франција и Шпанија на Европските првенства

Вечерва со почеток од 21 часот на Алијанс арената во Минхен ќе се појават два фудбалски тешкаши. Франција тежи две европски титули (1984 и 2000), Шпанија три (1964, 2008 и 2012). Две селекции за кои само трофејот важи за успех. Кај Французите уште е прв стрелец Автогол, а Шпанците најмногу покажаа на ова ЕП.

Сликички од сите 7 големи турнири на Алесандро Дел Пјеро

Дел Пјеро за репрезентацијата на Италија одигра 91 натпревар на кој постигна 27 гола. Дебитираше на 25 март 1995-та година во натпревар од квалификациите за Еуро 1996 против Естонија, а последен пат официјално го носеше дресот на Италија на 10 септември 2008-ма против Грузија во квалификации за Светско првенство 2010. Последен голем турнир за големиот Алекс беше Еуро 2008 но тој сакаше да оди и на Мундијалот во Јужна Африка каде селекторот Марчело Липи не го повика.

И на свадба со капчето а?

Ако на Гугл пребарате фотографии од Џузепе Јакини, тренер на многу италијански екипи како Фиорентина, Парма, Емполи, Палермо, Сампдорија, а моментално стратег на Бари, сите слики ќе ви ги даде со капче. Кај син му на свадба во црква пак е со капче.

Бурното лето на Роберто Баџо, по грабежот доби поддршка од големи легенди

Малку во втор па дури и трет план летово помина веста дека Роберто Баџо бил нападнат брутално од неколку лица во својата вила во местото Алтавила Вичентина, бил ограбен и претепан со видни повреди на себе. Таа вест ја шокираше Италија и фудбалскиот свет. Баџо сега се појавил на хуманитарниот натпревар Операција Носталгија (Operazione Nostalgia) на која играле многу поранешни фудбалски легенди.

Кои се најдобри стрелци во историјата на Шпанија?

Алваро Мората досега на Еуро 2024 има 1 гол и тоа во убедливиот триумф против Хрватска. Играше на сите 5 натпревари. Со овој погодок стигна до 36 гола за репрезентацијата со што се искачи на високото 4-то место. Прв и натаму е неприкосновениот голгетер Давид Виља, а втор Раул Гонзалес. Мората до крајов на Европското би можел да го стигне Фернандо Торес кој е трет.

На Новак му дојде преку дур

За нецели два часа, Ѓоковиќ го збриша Холгер Руне со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Во говорот им се заблагодари од срце на сите навивачи кои покажуваа почит, а потоа фино ги подбра хејтерите. Мој мој па преку мој.

Епа како да ја изведам кога не се трга?

Стандардни се овие сцени во фудбалот кога тој што води задржува време покрај корнер знаменцето во 90+. Ајде тоа отсекогаш било и ќе биде, ама овој со кошаркарскиот фластер на аут линија очигледно стана напорен. Се работи за меч од МЛС меѓу Спортинг Канзас Сити и Далас.

Унаи Симон - еден од јунаците на Шпанија која тргна по пехарот

Шпанија се спрема за нов, голем, тежок предизвик. После битката со домаќинот Германија која ја совлада 1-2 по продолженија, сега ги чека Франција во полуфинале. Шпанците ќе играат со преполовен состав без дури тројца најстандардни првотимци.

Статистиката на Роналдо во нокаут фаза на СП и ЕП

Кристијано Роналдо држи многу рекорди, ама има и статистички параметри во кои е многу слаб. Како на ова Европско, така и на претходни големи натпреварувања за репрезентација.

Емоциите на 90 години за родната Шпанија

Меле ли меле, дофрла и пцуе, затоа што во прашање е неговата земја од која емигрирал на 16 години во Аргентина, против домаќинот Германија. Како мало дете ќе викне на крај, па уште и ќе запее. Цар.

Нејмар во диско дознава за Бразил и плаче

Бразил ги разочара своите навивачи на Копа Америка и загуби од Уругвај во четвртфинале на пенали. Се појави снимка од Нејмар како дознава за елиминацијата на мобилен. Другарите го тешат.

Немаат право да му се лутат на Раде

Едно што е оригинален и духовит, а друго и поважно е што работите ги кажува отворено и точно, не за џабе е и поранешен фудбалер. Нема кај него дипломатски одговори. Раде Богдановиќ по кој знае кој, непрогрешлив во анализите за Србија.

Ја фативте ли холандската портокалова река на трибини?

Холандија после голем пресврт ја совлада Турција со 2:1 и заслужено оди во полуфинале каде ќе се сретне со Англија. Холандските навивачи продолжија во свој стил со техно звуци да прават шоу! Во Берлин од улици журката ја префрлија на трибини.

Турски навивачи правеле хаос во Берлин и во Холандија

Елиминацијата на Турција од Еуро2024 донела голем наплив негативен набој кај навивачите на оваа селекција па ширум европските градови имало и нереди. Во Берлин каде живее огромна турска заедница избила тепачка, односно турски навивачи нападнале холандски навивачи после мечот Холандија - Турција 2:1.

Радоста кога ќе срушиш рекорд стар 37 години

За вакви моменти макотрпно тренираат, се лишат од многу задоволства, прават жртви и едноставно водат спортски живот. На митингот во Дијамантската лига во Париз, Украинката Јарослава Махучик прескокна 210 сантиметри и го сруши рекордот на Стефанка Костадинова која во Рим 1987 прескокна 209 сантиметри, за испишување нова историја во оваа атлетска дисциплина. Во скос со стап светски рекорд и натаму е оној на Русинката Јелена Исинбаева од 5.06 метри, остварен во Цирих 2009.

Пикфорд на шише да ти ги запишал пеналџиите на Швајцарија

Натпреварот меѓу Англија и Швајцарија заврши 1-1 во основниот дел, Англичаните се извадија со гол во 80’ минута откако беа во негатива, па после 120 минути фудбал се премина на пенали. Таму Англичаните повторно се спасија односно ги спаси голманот на Евертон Џордан Пикфорд кој му одбрани пенал на Мануел Аканџи и Англија славеше 5:3 на пенали. Еве како Пикфорд вешто пред мечот си ги напишал сите пеналџии на Швајцарија кој каде шутира.