Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Бруно Фернандеш распука од 25 метри

Манчестер Јунајтед го совлада Шефилд со 4:2 откако губеше во два наврати. Португалската ѕвезда постигна два гола, од кои едниот мајсторски.

Оуч!

За време на мечот од 3. коло во Копа Либертадорес, Боливар од Боливија со 2-1 го совлада големиот Фламенго и го задржи максималниот учинок со 3 победи и 9 бода. Лошата вечер за Фламенго ја потврди и напаѓачот Бруно Енрике со една незгодна проценка.

Ел Хаџи-Диуф немаше почит за Макрон

Некогашниот ексцентричен центарфор на Ливерпул, Сенегалецот Ел Хаџи Диуф за време на еден хуманитарен натпревар во Франција на кој учествуваа и легенди како Дидие Дешам, Марсел Десаи, Арсен Вегнер, Дидие Дрогба, Самуел Ето и Адебајор, го дриблал францускиот претседател Емануел Макрон низ нозе.

Скамака стана претплатен со мајстории за најавни шпици

Со триумфот над Фиорентина од 4:1, Аталанта е вториот финалист во Купот на Италија каде на 15 мај во Рим ќе се соочи со Јувентус. Џанлука Скамака растура во последно време. Му даде два гола на Ливерпул на гости во ЛЕ, па постигна прекрасен погодок против Верона во Серија А и еве го со нова атракција, овој пат во Купот.

Кај Чаби Алонсо нема играње со долги топки

Човек кој играл со Чави, Иниеста и Бускетс и кој бил дел од доминантната Шпанија, која ја криеше топката и која освои Европско, Светско, па пак Европско, не можеш да очекуваш да ги учи своите на тактика „Дувај ја“. Го прекина тренингот кога забележа дека некој од играчите на Баер се обидува со долги топки.

Давајте го дриблингот на Мбапе од што повеќе агли, ова е лудо

ПСЖ го декласираше Лорент на гости со 1:4 и на 4 кола до крај има +11 пред Монако, што значи уште не им е официјализирана титулата. Двојни стрелци Дембеле и Мбапе. Ако некој ве праша што значи тоа „Му го зема паметот“, пуштете му го клипов.

Се случи најдолгиот скок некогаш виден во историјата од 291 метар

Заборавете малку на Петер Превц и Штефан Крафт и погледнете го ова мега задоволство кое си го приушти Рујоу Кобајаши. Што стори бе човек?

Марсел Хиршер се враќа на снегот, ќе скија за друга земја

Триесет и шест годишниот Марсел Хиршер, осумкратен светски скијачки шампион, во 2019-та година ја прекина кариерата, а сега решил да се врати на патеките но ќе скија под холандско знаме. „Во чест на мајка ми која е Холанѓанка“, рекол Хиршер. Правилникот на светската скијачка федерација дозволува до 1. јули секој скијач да може да смени земја под чија закрила би се натпреварувал.

Првата средба меѓу Руни и Роналдо

Вејн, тогаш 16-годишен страшно талентиран во нападот на Евертон, а Кристијано светска ѕвезда во надоаѓање во дресот на Манчестер Јунајтед. После од 2004-та до 2009-та го сочинуваа можеби најдобриот тандем во Премиер лига.

Голман на кој не му е денот

Некогашниот голман на полскиот клуб Варта Познањ Адриан Лис за време на полувремето од мечот против Краковија на стадионот „Милејски“ имал интересна асистенција.

Маратонец на сезоната: пиел вино на 42-километарски маратон

Учесник на маратонот во Лондон застанал многу пати за да цугне различно вино. Сево ова од хумани причини за успешна хуманитарна акција, а на крај вика дека бил трезен.

Серхио Љуљ е нов рекордер во Евролига, тешко некој да го стигне

Реал Мадрид лесно се справи со Басконија, славеше 90:74 во првиот меч од 1/4 финалето на Евролига во својата „Визинк Арена“. Легендата на Реал Мадрид, 37-годишниот Серхио Љуљ ја постигна 624-та тројка во својата евролигашка кариера и го надмина досегашниот рекорд на легендарниот Хуан Карлос Наваро кој имаше 623 постигнати тројки.

Димарко не можел да се качи на пречка

Левиот бек на италијанската фудбалска репрезентација и на новиот шампион во Серија А Интер, Федерико Димарко не можел да се качи на пречката за да прослави скудето со навивачите по триумфот над градскиот ривал Милан.

Арсенал го седна Челси на место

Арсенал ја забележа највисоката победа во историјата на дуелите со градскиот ривал Челси откако синоќа ги разби со 5:0. Леандро Тросар отвори, а Бен Вајт и Каи Хавертц постигнаа по два гола за петарда на „Емирати“ во Лондон. Арсенал после 34. кола е прв со 77 бода, Ливерпул е втор со меч помалку и 74 бода а Сити е трет со 73 бода и два меча помалку.

Браќата на Јокиќ пак правеле хаос

За време на вториот натпревар од серијата во разигрувањето меѓу Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс, браќата на Никола Јокиќ, Немања и Страхиња влегле во судир со некој присутен а едниот од браќата дури и го удира нападнатиот. Причината не е позната, а веднаш зад нив стои сопругата на Јокиќ, Наталија со нивната ќерка.

Лука Дончиќ го разби ЛА Клиперс и Далас израмни во серијата

Во драматичен меч, кошаркарите на Далас Маверикс со 96:93 го совладаа Лос Анџелес Клиперс во вториот натпревар од серијата и направија таканаречен брејк на гости во Лос Анџелес.

За ваква мајсторија не треба гол технологија, не е ова Ел Класико

Меч од трета српска лига со асистенција ала Иниеста и завршница Златан Ибрахимовиќ, ама на еден поинаков, генијален начин.

Каде е што прави Артуро Видал?

Во големото дерби на чилеанскиот фудбал, Коло Коло на гости го совладал Универзидад Католика со 0-1 и прекинал серија од два порази во лигата. Стрелец: ветеранот Артуро Видал кој на 36 години се врати во својот матичен клуб после долга одисеја по светот. Видал е еден од ретките кои играл и за Баерн Минхен и за Интер и за Барселона и за Јувентус.

Дипломец на годината

Дипломирал паѓање, отсек кладење финска втора и трета лига во живо.

1 минута морници за навивачите на Интер

Со освоени 86 бода на 5 кола до крај и со убедлив и шампионски скор од 27 победи, 5 нерешени и само 1 пораз и гол разлика 79:18, Интер заслужено го слави Скудетото број 20. Нека им е честито.

Големо признание за Бојан Миовски: во тимот на сезоната во Шкотска

Во изборот од фудбалери, оној избор кој се смета за најреален и најголема чест е кога колегите ќе ти признаат дека си бил меѓу најдобрите, Бојан Миовски е во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.

Верен ко пес

Има сè и сешто на трибините во Аргентина, особено кога играат најголемите ривали Ривер - Бока. Така беше и на 1/4 финале од Лига Купот кој се играше во градот Кордоба, далеку од Буенос Аирес.

Најјаките 10 потези на вечерта во НБА

Леброн Џејмс доминира во најатрактивната збирштина на потези од 2. коло во плејофот, ама првата позиција сепак му припаѓа на Мареј.