Додека Италија играше на Европското против Шпанија во групната фаза, Баџо бил нападнат, а напаѓачите украле вреден накит но ги оставиле сите фудбалски спомени на Баџо.
Некогашната светска „Златна копачка“ - најдобар играч на планетата кој го промаши клучниот пенал во финалето на Светско во 1994-та против Бразил, во Новара дошол да игра хуманитарен натпревар од ревијален карактер.
Шевченко и Хавиер Ѕанети биле први кои му пришле во прегратка и го расплакале големиот Роби Баџо. Добил најголеми овации од присутните кои емотивно го погодиле:
𝐎𝐠𝐠𝐢 𝟕 𝐥𝐮𝐠𝐥𝐢𝐨 𝐞̀ 𝐝𝐢 𝐧𝐮𝐨𝐯𝐨 𝐝𝐨𝐦𝐞𝐧𝐢𝐜𝐚💙⚽️
— Sportitalia (@tvdellosport) July 7, 2024
L’ ingresso in campo di Roberto Baggio al Silvio Piola per Operazione Nostalgia. Lacrime per il Divin Codino🥺#sportitalia #baggio #operazionenostalgia pic.twitter.com/FntotFRJVn
Играле Мапет тим на Шевченко и Њу Тим на Хавиер Ѕанети.
Меѓу другите биле присутни: голманот Дида, Диего Милито, Марко Амелија, Масимо Марацина, Никола Аморузо, Себастијан Фреј (правел најголемо шоу), Никола Легротаље, Алдаир, Дамијано Томази, Андреј Шевченко, Диего Фузер, Паоло Де Чеље, Луиџи Аполони, Серџо Волпи, Федерико Џунти, Филипо Пипо Маниеро, Мауро Брешан, Кристијан Ѕакардо, Анџело Карбоне, Лука Антонини, Енрико Анони, Кристијан Панучи, Фабио Росито, Андреа Карачоло, Антонио Тото Ди Натале, Пасквале Луизо, Стефано Еранио, Кристијан Ѕенони, Рафаеле Рубино, Микеле Падовано, Дарио Хубнер, Херман Денис, Серџо Пелисие, Јоргос Карагунис, Роберто Краверо, Луиџи Орландини, Зе Марија...